Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам во Кочани

May 11, 2025
1 min read

Премиерот Мицкоски најави посета на Кочани, откако родителите на децата кои ги загубија животите ја одбија неговата покана за средба во Владата. 

По нивната порака дека поканата е задоцнета и дека дел од родителите не се во можност да патуваат поради последиците од трагедијата, Мицкоски денеска рече дека ја прифаќа поканата тој да оди во Кочани на средба со нив. 

„Жалам што е таква одлуката, немам проблем да заминам во Кочани. Ќе сторам сѐ за да им помогнам колку што можам. Лага е дека сум имал покана. Но еве ако ова е покана, ќе појдам, ќе разговарам, ќе се организираме. Стојам на располагање, јас во Кочани неколку пати бев. И дента кога се случи тој хорор, бев кога посетвував некои од семејствата. Ја прифаќам поканата, немам проблем да појдам и да помогнам во било што што можам да помогнам, за да пробам таа болка, колку толку да ја намалам.“ – Христијан Мицкоски претседател на Влада.

Во меѓувреме од опозицијата и денеска побараа од владејачкото мнозинство во Собранието да се изгласа предлог законот за помош на настраданите во пожарот, 

„Законот предвидува директна финансиска поддршка за семејствата на настраданите, помош за повредените, вклучително и оние со долгорочни последици, поволности за децата кои поради лекување се отсутни од настава, мерки за здравствена, социјална и заштита во делот на работните односи. – Кристина Костова СДСМ. 

Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека Владата ќе продолжи да помага со сите средства на сите опфатени со трагедијата во Кочани.

Во однос на истрагата, која сè уште е во тек, Јавното обвинителство најави дека истата ќе заврши во законски предвидениот рок, односно до втората половина на јуни. 

Во Кочани и вчера долга поворка го изоде маршот на ангелите на кој родителите и блиските во прегратка со фотографии од загинатите и транспаренти, одлучија со молк да ги потсетат надлежните дека очекуваат правда и темелена и неселективна истрага за изгубените животи.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Њукасл го победи Челси во директен дуел за Лигата на шампионите и се искачи на третото место на табелата

Следно

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени

Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Конгресот на ФУЕН ќе предложи резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 70. Конгрес на
Go toTop