Американската војска тврди дека убила еден од водачите на Исламската држава во Сирија

1 min read

Американската Централна команда информира дека за време на акцијата проследена со експлозија се повредени четворица амрикански војници и едно армиско куче кои се пренесени на лекување во Ирак

Американската војска соопшти дека при хеликоптерска акција предводена од нејзините сили во североисточна Сирија загинал висок лидер на групата Исламска држава именуван како Хамза ал Хомси.

Во кратката изјава на американската војска се наведува дека нејзината операција била спроведена во четвртокот вечерта во партнерство со Сириските демократски сили предводени од Курдите, кои се сојузници со САД.

Американската Централна команда информира дека за време на акцијата проследена со експлозија, повредени се четворица амрикански војници и едно армиско куче, пренесе Си-ен-ен.

Војниците и кучето моментално се на лекување во медицинска установа во Ирак, а може да бидат транспортирани во воената болница во Ландстул, Германија, на понатамошно лекување.

Заедничките операции меѓу американската војска и Сириските демократски сили се вообичаени во североисточна и источна Сирија долж границата со Ирак.

Американската војска уби двајца водачи на Исламската држава во Сирија во последните неколку години.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

(ВИДЕО) Лазарова-Трајковска не гледа проблем во тоа што на Стразбур му требаа пет години да се изјасни

Следно

ПСЖ постави цена за Нејмар

Latest from Blog