Акција за чистење на Злокуќани во општина Карпош

1 min read

По иницијатива и насока на Секторот Инспекторат при Општина Карпош во соработка со Одделението за комунална инспекција од Град Скопје, деновиве во урбаната заедница Злокуќани се одвиваше заедничка акција за расчистување на предмети кои ја загадуваат животната околина.

Во таа насока интервенираа и службите за одржување на јавната чистота од Општина Карпош, кои со помош на соодветна механизација го собираа отпадот и го отстрануваа градежниот шут од теренот.

Денеска, општинските служби ги расчистуваа „критичните точки“ низ овој дел на локалната самоуправа, а на повеќе локации во овој реон се поткаструваа гранките и се чистеа одводните канали, информираа надлежните. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Најмалку 57 рудари исчезнаа при уривање на рудник за јаглен во Кина

Следно

(ВИДЕО) Во Москва голем концерт пред годишнината од војната, свое обраќање ќе има Путин

Latest from Blog