Активни четири пожари, три се под контрола, а 15 се изгаснати

July 21, 2025
1 min read

До 08:00 часот изутринава на територијата на државата се евидентирани вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, три се под контрола, а 15 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активни пожари има кај село Нивичино во Општина Василево (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), кај село Грешница во Општина Македонски Брод (мешана шума и сува трева), помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа во Општина Македонски Брод (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација) и помеѓу селата Царевиќ и Смолан во Општина Приле (сува трева).

Под контрола се пожарите кај с. Желино кон Еребино на планина Жеден (нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација), кај селата Џидимирци, Крушје и Иванковци во Општина Велес (мешана нискостеблеста деградирана шума) и помеѓу селата Октиси и Белица во Општина Струга (сува трева).

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Инфантино реагираше на расистичките навреди упати кон англиска фудбалерка Картер

Следно

Блокада во Собранието на Косово – денеска 50-ти обид за конституирање

Latest from Blog

Ердоган вети поддршка за својот сириски колега, отфрлајќи ја фрагментацијата во Сирија

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја повтори поддршката за својот сириски колега, ветувајќи дека нема да го остави Ал-Шара сам, ја отфрли фрагментацијата во Сирија, и обновата на земјата

ОН: Газа испраќа „очајни пораки за глад“, хуманитарната помош останува блокирана пред вратите на енклавата

ИСТАНБУЛ (АА) – Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА) денес предупреди на критичен недостиг од храна во Појасот Газа, објавувајќи дека добива „очајни пораки за глад“ од цивилите, па дури

Магична вечер синоќа со препознатливите звуци на тангото на Охридско лето

Магична и незаборавна вечер синоќа во преубавиот амбиент на предворјето на „Св. Софија“, приреди ФАМЕ’С Европскиот оркестарски изведувачки институт, предводен од брилијантната Русанда Панфили од Молдавија. Со музиката на Астор Пјацола концертот

Кај 23-годишник од Скопје пронајдено оружје и муниција

Полициски службеници од Секторот за борба против тероризам, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во координација со Агенцијата за национална безбедност и Основното јавно обвинителство Скопје, на 19
Go toTop