Аеродром добива Локален младински совет

March 14, 2023
1 min read

Вчера општина Аеродром го објави јавниот повик за основање иницијативен одбор, што претставува почеток на иницијативата за основање Локален младински совет во Општина Аеродром.

– Ова претставува првиот чекор од процесот на имплементација на Законот за младинско учество и младински политики, по што ќе се пристапи кон формирање Собрание на млади. Ги повикуваме сите организации, но и заинтересирани млади луѓе кои сметаат дека можат да направат промена во својата околина, да се пријават и да учествуваат во работата на младинските органи, велат од локалната самоуправа на Аеродром. 

Иницијативниот одбор треба да сочинува 9 члена кои се на возраст од 15 до 29 години, а ќе бидат номинирани од младински организации, неформални здруженија на млади или друг тип младински структури што делуваат на територија на општината. Иницијативниот одбор ќе го води основањето на Локалниот младински совет, ќе работи на креирање на структурата на телата и промоција на потребата од младинско организирање и младинско учество на локално ниво.

 Повикот ќе трае во наредните 14 дена, а критериумите, како и задолжителните документи што се потребни за аплицирање може да се најдат на следниов линк .

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Судот го ослободи Драган Даравелски, пресудата му се укинува

Следно

Пике откри како се „купуваат“ судии во Шпанија

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop