Градоначалник на Крива Паланка, Митовски: Експресниот пат е од голема важност, граѓаните ги чувствуваат придобивките од политиките на СДСМ

January 4, 2025
1 min read

„Денеска со голема гордност и радост ја споделуваме веста за завршувањето на експресниот пат Страцин – Крива Паланка. Овој проект беше започнат од СДСМ во 2018 година и над 90% од градежните работи веќе беа реализирани и завршени во средината на 2024 година“, рече градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Според Митовски, токму овој проект е круна на соработката помеѓу локалната и централната власт во изминатите години и сето она што беше третман и поддршка за граѓаните на Крива Паланка.

„Станува збор за стратешки проект и инвестиција којашто е важна за развојот на североисточниот регион и значително ќе придонесе во развојот и поврзаноста на економското поле и квалитетот на животот на Крива Паланка. Да не беа блокадите од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, овој проект ќе беше завршен уште во 2024 година. За жал само заради личните политички цели пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, тогаш го блокираа проектот преку Комисијата за финансирање и буџет којшто со месеци го кочеше новиот предлогот за законот за гранд вреден 14 милиони евра“, рече Митовски.

Митовски потенцираше дека патниот правец и граѓаните од утре ќе ги чувствуваат придобивките од политиките што во изминатиот период ги реализираше СДСМ.

„Со овој патен правец граѓаните од целиот регион ќе можат безбедно и побрзо да патуваат помеѓу Куманово и Крива Паланка, но и добиваме ново патно поврзување на едно од најкомплексните делници во североистокот. Добиваме поврзаност помеѓу Скопје и Софија, нешто што ќе влијае на развојот на трговијата и економијата, како и на развојот за локалната економија. Конечно, овој патен правец е граден по највисоки стандарди преку кои се избегнуваат многу црни точки, а добиваме и безбедност на патувањето на нашите граѓани и сите учесници во сообраќајот“, рече Митовски.

Тој во името на граѓаните на Крива Паланка се заблагодари до сите оние кои беа дел од овој крупен проект, на претходната Влада и премиерите и директори на значајните државни претпријатија коишто беа носители на оваа активност и сите градежни работници, на надзорните органи и проектантите и на сите оние што беа вклучени во целосната изградба на овој експресен пат.

Честитки до граѓаните на Крива Паланка, рече Митовски.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Полска не го покани Орбан на преземањето на претседателството со ЕУ

Следно

Возете внимателно: Намалена видливост поради магла на патот Гајре- Попова Шапка

Latest from Blog

Најмалиот етно музеј во Џепчиште, најголема училница за културно наследство

Викендичката во тетовско Џепчиште во која од 1991 година Симеон Златев-Моне чува околу 2000 стари предмети, освен што наликува на мал етнолошки музеј, претставува и една голема училница за културно наследство. Тука
Go toTop