Рокас: САД презедоа значаен чекор во борбата против корупцијата со ставање на Груби и Беџети на црната листа

December 13, 2024
1 min read

Во одговор на новинарско прашање денеска шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава Михалис Рокас, во врска со американската црна листа на која се ставени поранешниот вицепремиер Артан Груби и апелацискиот судија Енвер Беџети, рече дека сега е важно судството во земјава да ги преземе сите можни активности поврзани со овој случај, но и со сите други случаи каде што е присутна корупцијата во државата.

-Соединетите Aмерикански Држави презедоа значаен чекор во борбата против корупцијата, со ставање на поранешниот вицепремиер Артан Груби и апелацискиот судија Енвер Беџети на американската црна листа. Меѓутоа, она што е важно е дека судството во државата треба да ги преземе сите активности не само во врска со овој последен случај, туку и сите други видови на корупција кои се присутни, со цел да имаме независно судство, рече Рокас.

Тој додаде дека ЕУ има преземено значајни активности и напори за обезбедување механизми за зајакнување на судството.

-Тука можам да ја споменам оценската мисија на ЕУ, која што издаде 40 препораки за судството во Северна Македонија, така што мислам дека најважно е судството да стане независно тело. Професионално и независно судство останува клучен приоритет за идниот интегративен процес на Северна Македонија во ЕУ. Со постоење на независно судство, ќе се зголеми довербата во општеството и се надеваме дека ова ќе се случи многу поскоро, додаде Рокас.

Тој беше прашан и за претресите кои се случуваат во Судскиот совет, Рокас рече дека Јавното обвинителство треба да ги направи сите можни пребарувања во случаи кога постојат сомнежи за постоење на корупција во одредена институција.

-Мислам дека канцеларијата на Јавното обвинителство секогаш треба да ја има можноста да ги направи сите можни пребарувања во случаи кога постојат сомнежи за постоење на корупција во одредена институција. Без разлика дали станува збор за индивидуални или општи акти, во едно демократско општество на Јавното обвинителство треба да му бидат ставени на располагање сите механизми за да може да изврши истрага за можна корупција, додаде Рокас.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

ПРОМОЦИЈА НА ЗБОРНИКОТ „АРХИВИ НА НЕВИДЛИВИТЕ“ СО ТЕКСТОВИ ЗА ПРВОТО ЖЕНСКО СПИСАНИЕ „МАКЕДОНКА“

Следно

Средба на претседателот Гаши со претставничката на УНИЦЕФ во земјава, Милер

Latest from Blog

Најважните настани денеска на едно место

Скопје – Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 49-тата седница. (Сала „Македонија“/11:00) Скопје – Седница на собраниската Комисија за здравство. (Сала „Борис Трајковски“/10:00) Скопје – Седница на собраниската Комисија за локална самоуправа. (Сала 4/11:00) Скопје – Седница на

Објавен конкурсот за државната награда „8 Септември“

Министерството за спорт во соработка со националните спортски федерации, го објави конкурсот за државната награда „8 Септември“ за 2025 година, за остварувања во областа на спортот. Одборот за доделување на државната награда

ЕБОР: Индустриските политики се почесто се користат и во економиите со помал административен и фискален капацитет

Индустриските политики бележат оживување и нивната растечка популарност е примарно обликувана од домашните политичко-економски услови и од растечките геополитички тензии. Иако овие политики обично се применуваат во економиите во повисоки приходи, се

Талевски во 24 анализа: ВМРО-ДПМНЕ не го гласаа Законот за поддршка на семејствата од Кочани и си го покажаа вистинското лице

Пратеникот од СДСМ, Миле Талевски во 24 анализа рече дека, со тоа што ВМРО-ДПМНЕ не го гласаа Законот за поддршка на семејствата на жртвите и повредените во трагедијата во Кочани си го
Go toTop