Пратеникот од СДСМ, Миле Талевски во 24 анализа рече дека, со тоа што ВМРО-ДПМНЕ не го гласаа Законот за поддршка на семејствата на жртвите и повредените во трагедијата во Кочани си го покажаа вистинското лице.
Според него, целта на Законот била само да им се помогне на семејствата а не да се политизира.
„Навистина има пропусти во системот и ни се случи трагедија. Трагедија која има сериозни последици и очигледно државата мора да реагира и да им помогне и на семејствата. СДСМ на почетокот излезе со јасен став дека нема да се политизира овој настан. Минатата недела до Собранието предложивме Закон за поддршка на семејставата на повредените и жртвите. Целта е да им се излезе во пресрет. Жалам што ВМРО-ДПМНЕ не собра сили да го поддржи овој закон. Ние на почетокот кажавме, нека го предложат ќе го поддржиме. Целта беше веднаш да им се помогне на семејставата на жртвите но и на повредените. Жалам што не го поддржаа и се доведовме до ситуација да го покажат своето лицемерие“, рече Талевски.
Тој зборуваше и за тоа дека за трагедијата во Кочани треба да има истрага и за сегашни функционери а не само за поранешни.
„Тошковски требаше да си поднесе оставака. Постапка за актуелни функционери кои имале обврска да спречат и да не дозволат тоа да се случи нема. Имале обврска по Закон за јавен ред и мир и Закон за внатрешни работи. За нив во овој момент нема постапка и затоа бараме апсолутно политиката да се тргне од овој процес. Ја пропуштија шансата да им веруваме“, додаде Талевски.
Извор: 24vesti.mk