Мицкоски: ДУИ сака да ја дефокусира јавноста, да го заштити криминално стекнатиот капитал

December 13, 2024
1 min read

Владата нема да дозволи дефокусирање на јавноста од страна на Демократската унија за интеграција (ДУИ), која сака да го заштити капиталот за кој постои основано сомнение дека е криминално стекнат. Фокусирани сме за развој на државата и инвестиции, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски по поставувањето камен темелник за изградба на фабрика за електронски батерии за автомобили на белгиската компанија „Avesta Battery and Energy Engineering“ во ТИРЗ Кичево.

Според премиерот, стратегијата на Али Ахмети и Демократската унија за интеграција, како што рече, откако стига од секаде од светот потврда за нивното криминално однесување е да се обидат да ја дефокусираат јавноста и да свртат тема која генерално ќе има цел да го поларизира населението, по можност и етнички.

– Тоа нема да го дозволиме како Влада. Стигаат потврдите за криминалното однесување на оваа политичка структура и гарнитура изминатите 20-тина години. Многу случаи се работат поврзани со високи поранешни функционери на ДУИ и јавноста многу скоро ќе види кој е во суштина вистинскиот мотив на актуелното раководство на ДУИ дека најмалку се грижат за тоа што требало да се грижат, повеќе се грижат да го заштитат капиталот за кој постои основано сомнение дека е криминално стекнат, нагласи Мицкоски.

Во однос на барањето на ДУИ за предвремени парламетарни избори, тој посочи дека за девет месеци ќе почне кампања за локални избори на која граѓаните ќе можат да го кажат својот збор.

-Доколку оваа Влада ја поразат на тие избори, логично е да има предвремени Парламентарни избори после тоа. Да не ни се случува како во 2021 година. Но, доколку оваа Влада ги порази сегашните опозициски политички партии на локалните избори тогаш очекуваме конечно да се посветат на самите себе. Да се реструктуираат кадровски и програмски да се освежат и да може на следните редовни парламентарни избори да излезат со нова програма и нови кадровски решенија, порача Мицкоски од Кичево.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Серија земјотреси на Света гора

Следно

Петрушевски: ЈО да не чека, одговорност за Груби мора да има, но и за неговите помагачи од СДС

Latest from Blog

ЕБОР: Индустриските политики се почесто се користат и во економиите со помал административен и фискален капацитет

Индустриските политики бележат оживување и нивната растечка популарност е примарно обликувана од домашните политичко-економски услови и од растечките геополитички тензии. Иако овие политики обично се применуваат во економиите во повисоки приходи, се

Талевски во 24 анализа: ВМРО-ДПМНЕ не го гласаа Законот за поддршка на семејствата од Кочани и си го покажаа вистинското лице

Пратеникот од СДСМ, Миле Талевски во 24 анализа рече дека, со тоа што ВМРО-ДПМНЕ не го гласаа Законот за поддршка на семејствата на жртвите и повредените во трагедијата во Кочани си го

НА ЦРНИОТ ПАЗАР ВО КАН БИЛЕТИТЕ ЗА ПРЕМИЕРИТЕ СО ЦРВЕН КИЛИМ И ЗАБАВИТЕ СЕ ПРОДАВААТ ЗА 6.000 ДОЛАРИ

Црниот пазар за забавите и свечените премиери на Канскиот филмскИ фестивал е жив и здрав, според листата што ја виде филмското списание „Скриндејли“. Една од најскапите понуди е пар билети за премиерата
Go toTop