ЕК: ЕУ останува цврсто посветена на итно искоренување на насилството врз жените

November 25, 2024
1 min read

Сите форми на насилство врз жените се одвратни и тие претставуваат кршење на човековите права и поткопување на основни вредности на Европската Унија се наведува во заедничката изјава на Европската комисија и на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жосеп Борел по повод Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените – 25 ноември. 

– Нашата посветеност да ставиме крај на насилството врз жените ширум светот е клучен приоритет за надворешната акција на ЕУ, не само во улогата на ЕУ како главен хуманитарен донатор. Ја потврдуваме нашата цврста посветеност на итно искоренување на насилството врз жените и девојчињата во соработка со земјите партнери, граѓанското општество, групите за правата на жените и бранителите на човековите права, се вели во изјавата. 

ЕК и Борел натаму посочуваат дека жените низ целиот свет продолжуваат да трпат неискажливо физичко, сексуално, психичко и економско насилство, како офлајн, така и онлајн.  

– Жените и девојчињата, исто така, го носат товарот и од непосредните насилни, но и од трајните ефекти на војната и конфликтот, што резултира со несразмерност во економски проблеми. Ситуацијата е особено драматична во контекст на хуманитарните кризи, каде случаите на сексуално насилство поврзани со конфликти и трговија со луѓе, честопати остануваат непријавени, се потенцира во изјавата на ЕК и Борел. 

Тие посочуваат дека по пристапувањето кон Истанбулската конвенција, која ги опфаќа досега најамбициозните и најсеопфатни стандарди за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство, Европската Унија годинава го усвои првиот свој закон за ефикасна борба против насилството врз жените и семејното насилство, како надополнување на постојното законодавство во земјите членки на ЕУ.  

– Сега имаме дополнителни алатки за борба против таквото насилство, и офлајн и онлајн, за да се осигураме дека жените и девојките можат да бидат безбедни и да живеат без страв, да обезбедиме конкретни услуги за поддршка за жртвите, како и одговорност за сторителите. Ги повикуваме сите земји членки брзо да ги применат овие значајни мерки, се додава во изјавата на Еврокомисијата и високиот претставник на ЕУ, Борел по повод Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените – 25 ноември. 

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ново судско рочиште за двојното убиство на Вања и Панче

Следно

СИРИЗА избра нов лидер

Latest from Blog

Николоски: Автопатот Охрид–Кичево се гради со полна пареа и ноќе

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, доцна вечерва извршија увид во градежните активности на автопатот Охрид–Кичево. Николоски информираше дека

Уставен суд со одлука и лекција за институциите: Информациите од јавен карактер им припаѓаат на граѓаните

Уставниот суд на Северна Македонија донесе одлука во корист на новинар на кој Равојна банка на Македонија не му доставила целосни информации кои се од јавен карактер. Станува збор за новинар кој

“Кварацкелија е најдобриот играч во светот!“

ФОТО:facebook.com/PSG/ Квича Кварацкелија просто воодушевува со настапите во дресот на ПСЖ. Па затоа легендарниот холандски фудбалер Кларенс Сидорф е воодушевен од крилниот напаѓач европскиот шампион, толку многу што мисли дека е најдобриот
Go toTop