Ново судско рочиште за двојното убиство на Вања и Панче

November 25, 2024
1 min read

Ново судско рочиште денска за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, во скопскиот Кривичен суд на кое треба да сведочат тројца свердоци. На претходното судење кое се случи минатата недела  еден од обвинетите, Влатко Кешишов даде писмена изјава дека Палевски не е убиецот на девојчето и велешанецот. На почетокот на судскиот процес пак  обвинителката рече дека поседуваат несоборливи докази дека Палевски е сторителот и дека од таткото на Вања дознал дека кобниот ден таа сама ќе оди на училиште, но, засега таков доказ, пишан или пак телефонски разговор меѓу нив не е презентиран пред судот. 

За киднапирање и свирепо убиство на велешанецот Панче Жежовски на 22 ноември 2023, како и за киднапирање и свирепо убиство на Вања Ѓорчевска од Скопје на 27 ноември, обвинети се Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Велибор Манев, Боре Видевски и таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски. 

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига

Следно

ЕК: ЕУ останува цврсто посветена на итно искоренување на насилството врз жените

Latest from Blog

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop