СИРИЗА избра нов лидер

November 25, 2024
1 min read

Пратеникот и поранешниот претседател на пратеничката група на СИРИЗА, Сократис Фамелос е избран за нов лидер на грчката опозициска партија по вчерашните избори на кои гласаа нешто повеќе од 70.000 членови и симпатизери, јави дописничката на МИА од Атина.

Фамелос освои 49,4 отсто од гласовите, поранешниот министер Павлос Полакис беше втор со 43,5 проценти и веднаш по соопштувањето на резултатите доцна синоќа изјави дека не е потребно одржување втор круг.

Останатите двајца кандидати, европратеникот Николаос Фарандурис и актерот Апостолос Глецос освоија 5,1, односно 1,99 проценти од гласовите.

Поради зголемениот интерес, гласањето вчера беше продолжено за еден час.

По соопштувањето на резултатите, Фамелос (58) рече дека „СИРИЗА ќе биде посилна и поголема и во и вон Парламентот и во Грција и во Европа“.

Изборите во СИРИЗА се одржаа откако поранешниот претседател Стефанос Каселакис по само една година на функцијата беше разрешен во септември со одлука на Централниот комитет на партијата и не му беше дозволено одново да се бори за лидерската позиција, по што во саботата ја претстави неговата нова партија Движење на демократија.

На парламентарните избори пред нешто помалку од 18 месеци СИРИЗА освои 17,83 отсто од гласовите, додека пак на евроизборите во јуни годинава 14,92 проценти, а и во двата изборни процеси беше на второто место.

Согласно резултатите од истражувањата на јавното мислење во Грција објавени во изминатиот период, СИРИЗА е со намален рејтинг.  (МИА)

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЕК: ЕУ останува цврсто посветена на итно искоренување на насилството врз жените

Следно

Продолжува судскиот процес за двојното убиство: Кешишев го смени исказот

Latest from Blog

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба против поранешен директор на јавно претпријатие од Струмица и управител на правно лице

На 29.04.2025 СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против З.Г.(56) од Струмица, поранешен директор на јавно комунално претпријатие од Струмица поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично

Грција утре го презема претседателството со Советот за безбедност на ОН

Поморската безбедност, заштитата на цивилите во време на војна, жените, мирот и безбедноста, децата во вооружени конфликти, но и војната во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток и случувањата на Западен Балкан, ќе

Претседателот на ТИКА, Кајалар, ги посети пациентите повредени во пожарот во Кочани што се лекуваат во Анкара

СКОПЈЕ (АА) – Шефот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), Серкан Кајалар, ги посети пациентите повредени во пожарот во ноќниот клуб во Кочани што се на лекување во главниот град
Go toTop