Министерство за енергетика: Тврдењата на Филипче се неточни, гасификацијата продолжува

October 28, 2026
1 min read

Тврдењата на Венко Филипче, на денешната прес-конференција, се неточни дека државата ја напушта гасификацијата и новите правци на снабдување. Интерконекторот со Грција се гради со обезбедено финансирање, се подготвува поврзувањето со Србија, а домашната гасоводна мрежа се оспособува за ставање во функција.

Филипче треба да одговори на едноставно прашање: како државата се откажува од гасификацијата, ако гасоводот со Грција се гради со инвестициски грант и заеми од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој?

Според проектните податоци од 19 октомври, на македонската делница се испорачани 64 километри цевки, заварени се 43, а 18 километри се поставени во ров. Експропријацијата е реализирана во обем од 97 проценти. Тоа се конкретни работи на терен, а не политички најави.

Паралелно се работи на трасата и проектирањето на поврзувањето со Србија. Новите интерконекции создаваат услови за повеќе правци и извори на снабдување. Затоа поврзувањето на буџетските усогласувања со наводна определба за зависност само од руски гас го изоставува токму она што се прави за диверзификација.

Министерството утрово веќе појасни дека изградбата на гасоводи и планираната набавка и складирање природен гас за стратешки резерви се одделни процеси, со различни финансиски и технички предуслови. Обезбедувањето резерви зависи и од достапен складиштен простор и транспортен капацитет. Буџетската промена сама по себе не докажува дека инфраструктурните проекти се напуштаат.

Од претседателот на СДСМ очекуваме одговорна критика, заснована на целосни информации. Издвојувањето бројки, без да се објаснат намената на средствата, одделното финансирање и напредокот на проектите, ја доведува јавноста во заблуда. Политичката пресметка не смее да биде поважна од точното информирање на граѓаните.

Гасификацијата продолжува. Министерството останува отворено за конкретни прашања и проверка на документите и резултатите.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Промет од 11,6 милиони денари на Македонската берза

Latest from Blog

Промет од 11,6 милиони денари на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 28.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.894,95 поени. Во однос

Европа вложува милијарди во критични минерали: каква шанса има Македонија?

Европската Унија ја забрзува потрагата по сопствени извори на критични минерални суровини, а новите инвестиции во Финска, Шведска и Германија покажуваат колку капитал е потребен за развој на современото рударство. Проект за

Божиновска: Младите инженери имаат знаење и идеи за одржлива енергетска иднина

Инвестицијата во знаење и млади инженери е подеднакво важна како и инвестицијата во енергетската инфраструктура, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на Четиринаесеттата студентска конференција за енергетска ефикасност

Николоски: Инфраструктурните проекти создаваат подобри услови за странски инвестиции

Ја реализираме абициозната агенда што ја имаме во делот на инфраструктурниот развој на државата. Градиме нови автопати и железницица и со тоа правиме конкуретни услови за влез на нови инвеститори, но се

Министерство за енергетика: Гасоводот со Грција напредува, се подготвува поврзувањето со Србија

Изградбата на гасоводот со Грција напредува, паралелно се подготвува интерконекторот со Србија и се спроведуваат технички проверки за ставање во функција на домашните гасоводни делници, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални
Go toTop