На патарините ќе се зголеми бројот на ленти со тагови, на кои ќе се користат трансакциските сметки на возачите

November 16, 2024
1 min read

Наместо само една лента со таг на патарините, да има три до четири. Ова се идните планови на Јавното претпријатие за државни патишта со цел да нема застој на патарините и протокот на возила да биде побрз, најави денеска од Штип директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски.

Тој истакна дека се прави напор проектот во висина од 12 милиони евра кој бил во застој да продолжи, со што на патарините ќе има повеќе тагови на кои ќе се наплаќа со трансакциска картичка, која нема да мора да се надополнува на одредени места.

-Воедно разговараме и сме во комуникација со соседните држави за начинот на плаќање на патарините, да се промени и во нашата државата. Ако сега имаме една лента со тагови од вкупно пет се трудиме да има три до четири со тагови, а само една да остане без тагови. Притоа наплаќањето да биде со трансакциски картички, оние кои секојдневно ги користиме врзано тагот со него, и да не мора да се надополнува, вели Трајановски.

Разговорите се во тек и соседните држави, и како што посочи Трајановски, движењето ќе биде моногу полесно и побрзо. Она што веќе се практикува во странство да почне да се применува и во државата е заложбата на ова јавно претпријатие.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Верстапен: Се надевам дека ќе бидам болен за време на општата презентација на „живите“

Следно

Бродот кој удри во гребен во Хрватска, денеска потона во морето

Latest from Blog

ЛШ: Сити ја продлабочи кризата на Реал, Арсенал не знае за пораз, ПСЖ остана без муниција (ВИДЕО)

ВО големата пресметка и дербито на колото во Лигата на шампионите, Манчестер Сити славеше во мадрид против реал со 1.2 и ја продлабочи кризата кај „кралевите“. Иако почнаа добро и поведоа со

Трамп потврди дека американските сили заплениле танкер за нафта крај брегот на Венецуела

Американскиот претседател Доналд Трамп денес потврди дека американските сили заплениле танкер за нафта крај брегот на Венецуела. „Тукушто запленивме танкер крај брегот на Венецуела – голем танкер, многу голем, всушност најголемиот што

Бојковска: Рејтингот на СДС преку шпекулации, лажни обвинувања и погрешна стратегија нема да порасне

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистини“ вечерва гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска која дискутираше за обвинувањата и шпекулациите од страна на опозицијата, за темата дека во Македонија
Go toTop