ЛШ: Сити ја продлабочи кризата на Реал, Арсенал не знае за пораз, ПСЖ остана без муниција (ВИДЕО)

December 10, 2025
1 min read

ВО големата пресметка и дербито на колото во Лигата на шампионите, Манчестер Сити славеше во мадрид против реал со 1.2 и ја продлабочи кризата кај „кралевите“. Иако почнаа добро и поведоа со голот на Родриго, домашните дозволија гостите од скоро никакви шанси да дојдат до целосен пресврт. Напрво по еден карамбол во шеснаесетникот, О’Рајли израмни на 1:1, а потоа дојде и еден ВАР-пенал за момците на Гвардиола, кој Халанд го претвори во предност од 1:2. Иако со овој резултат се замина на пауза, во вториот дел не видовме гол. Реал имаше иницијатива, неколку зрели шанси, но Донарума не дозволи да биде совладан.

Европскиот шампион ПСЖ одигра 0:0 на гостувањето кај Атлетик (Б) и не успеа да се искачи при самиот врв на табелата во ЛШ. Момците на Луис Енрике имаа шанси, но не успеаја ниту еднаш да го матираат домашниот голман Унаи Симон.

Лидерот во Премиерлигата, Арсенал, одигра нов моќен натпревар. На гостувањето во Белгија, избраниците на Микаел Артета сигурно со 0:3 го победија Бриж и ја запишаа шестата победа сезонава во ЛШ со што останаа единствениот тим кој има максимален ефект во досегашниот дел од натпреварувањето. Мадуеке постигна два гола, а еден беше дело на Мартинели во убедливата победа на Англичаните.

Наполи на нашиот Елиф Елмас одигра лош меч на гостувањето во Лисабон кај Бенфика. Домашните сосема заслужено победија со 2:0, а со оглед на шансите резултатот можеше да биде и многу поубедлив. Елмас беше стартер и остана на теренот до 80. минута. Головите за победа на Бенфика ги постигнаа Риос и Бареиро, по еден во двете полувремиња.

Јувентус иако беше голем фаворит на дуелот со Пафос, прописно се намачи за да дојде до победата. По нерешените 0:0 на полувреме, домашните конечно поведоа со голот на МекКени во 67. минута, па само 5 минути подоцна со голот на Дејвид, „Старата Дама“ ја потврди победата и трите бода.

Борусија (Д) не успеа да слави на домашен терен против Бодо. Иако водеа двапати, Германците на крајот останаа со еден бод. Јулијан Бранд ги постигна двата гола за домашните, додека реми за Бодо донесоа Алесами и Хауге.

Четири гола и реми имаше и на вториот меч во Германија вечерва. Таму Баер (Л) и Њукасл завршија со идентични 2:2, со таа разлика што домашните поведоа со голот на Андрих, па со головите на Гордон од пенал и оној на Мајли гостите дојдоа до пресврт. Реми за домашните донесе Грималдо во последните десетина минути на мечот.

 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп потврди дека американските сили заплениле танкер за нафта крај брегот на Венецуела

Следно

Изненадување? НОВИОТ АЈФОН 17 НЕ Е НАЈБАРАН ТЕЛЕФОН, други се пред него. Ова е листата ТОП 10

Latest from Blog

Божиновска: Со понискиот ДДВ го намалуваме ударот од цените на горивата

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, информира дека Владата ја продолжи мерката со која ДДВ за дизелот се задржува на повластена стапка од 10 проценти, до 12 октомври. Божиновска

Мурињо требало да биде тренер на Барселона во периодот пред Гвардиола да пристигне на „Камп Ноу“

Приказната на Жозе Мурињо со Барселона можела да тргне во сосема поинаков правец. Долго пред да стане еден од најголемите ривали на Каталонците како тренер на Реал Мадрид, португалскиот стручњак бил исклучително

74 милиони денари промет на Македонската берза, МБИ10 со минимален пад

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 28.09.2026 заврши со минимален пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.722,45 поени. Во
Go toTop