Бојковска: Рејтингот на СДС преку шпекулации, лажни обвинувања и погрешна стратегија нема да порасне

December 10, 2025
1 min read

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистини“ вечерва гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска која дискутираше за обвинувањата и шпекулациите од страна на опозицијата, за темата дека во Македонија ќе се отвораат мигрантски кампови.

-Се работи за тотална лага којашто е изнесена од опозицијата, со наметнување на ваква тема којашто е апсолутно неточна, пробување за да се искреира некаква тема. Стигна демант и од премиерот на Република Македонија, стигна демант и од претседателката, стигна демант и од амбасадорот на Велика Британија, што е апсолутна потврда дека се работи за лажни тврдења, истакна Бојковска.

Бојковска посочи дека СДС преку шпекулации, лажни обвинувања и погрешна стратегија пробуваат да наметнат тема во јавноста, сметајќи дека на тој начин ќе порасне политичкиот рејтинг на партијата и нагласи дека со оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да се загрози безбедноста на граѓаните, и дека нелегални мигранти нема да се примаат во државата.

-Погрешен е наративот доколку сметаат дека политичкиот рејтинг на СДС ќе расте со ширење на лаги, тотално погрешна стратегија доколку тоа им е целта. Со оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата вакви мигранти нема да има во Македонија. Во Македонија нема да се примаат нелегални мигранти и тоа не е основа за стратешкото партнерство коешто го имаме со Велика Британија. Додека е Владата на ВМРО-ДПМНЕ, од овој тип загрозување на безбедноста на граѓаните примање на нелегални мигранти, создавање на мигрантски шатори нема да постои, децидна е Бојковска.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Сања Божиновска на традиционалниот шведски концерт пред Божиќ

Следно

Трамп потврди дека американските сили заплениле танкер за нафта крај брегот на Венецуела

Latest from Blog

Израел: Убивме неколку вооружени терористи во Сирија

„Вчера, воените сили елиминираа неколку вооружени терористи во безбедносната зона на југот на Сирија“, се вели во соопштението на армијата, додавајќи дека тие ќе „продолжат“ да дејствуваат таму „и да елиминираат каква

Муцунски од Дубровник: Не постои „северномакедонски“ народ, целта ни е успешно да ги завршиме преговорите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на панел-дискусијата „The EU and the
Go toTop