Села: Уставниот суд ја укина етничката припадност, ги повикувааме САД и ЕУ да реагираат

1 min read

Зијадин Села, претседател на едното крило на Алијансата на Албанците, денес изјави дека Уставниот суд не го укинал балансерот, туку „правото на етничка припадност“. Тој ги повика САД и ЕУ да реагираат како гарант на Охридскиот рамковен договор.

„Уставниот суд ја укина етничката припадност, што го поткопува Охридскиот рамковен договор и уставноста на системот“, изјави Села. Тој побара итно решение за да се избегне дестабилизација на Северна Македонија и апелираше за соработка меѓу политичките фактори.

Села истакна дека одлуката на Уставниот суд треба да предизвика реакција од сите етнички заедници и очекува посебно политичките опции да се изјаснат за заштита на идентитетот на Македонците. Според него, укинувањето на балансерот е резултат на изборно ветување на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој нагласи дека пратениците од неговата партија остануваат дел од опозицискиот Европски фронт, кој е стабилен и повикува други политички партии да се придружат за заштита на идентитетот. Села не се видел со Мендух Тачи од ДПА и истакна дека тој има право да делува според своите убедувања.

ИЗВОР: ТВ 21

Претходно

Осаменоста и стравот од отфрање се најголемите стравови за младите во земјата

Следно

Од денес почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип

Latest from Blog