Средба Божиновска-Пјат на маргините на Конференцијата за чиста и безбедна енергија

October 10, 2024
1 min read

Гасните интерконектори со Грција и Србија како клучни стратешки проекти за обезбедување стабилна енергетска иднина за нашата држава и регионот, беа тема на разговор на денешната средба во Истанбул меѓу министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и Џефри Пјат, помошник државен секретар за енергетски ресурси во Стејт Департментот.

На средбата реализирана на маргините на Конференцијата за чиста и безбедна енергија во Истанбул, организирана од американскиот Атлантски совет, беше посочено дека овие проекти се од суштинско значење за диверзификација на изворите на енергија и зголемување на енергетската независност на земјава.

-Гасните конектори со соседите се од огромно значење за нашата енергетска стратегија. Тие не само што ќе ја зголемат нашата сигурност во снабдувањето, туку и ќе ја подобрат нашата конкурентност на пазарот, рече Божиновска.

Се дискутираше и за стратешката соработка со САД во областа на енергетиката, при што министерката ја акцентираше важноста на американската поддршка во развојот на проекти за обновливи извори на енергија и технологија за енергетска ефикасност, но и важноста од споделување искуства со САД во делот на борбата со корупцијата во доменот на енергетиката.

-Нашата соработка со САД е од клучно значење за имплементацијата на иновациите во енергетскиот сектор. Заедно можеме да создадеме одржливи решенија кои ќе придонесат за развојот на регионот, додаде Божиновска.

Министерката Божиновска и помошник државниот секретар Пјат разговараа и за идната соработка и регионалните иницијативи, нагласувајќи ја потребата за продолжување на дијалогот и партнерството меѓу државите во областа на енергетиката. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Роналдињо стана косопственик на американски клуб

Следно

Ковачевски: СДСМ имаше јасен план за ЕУ интеграција, ВМРО-ДПМНЕ нема

Latest from Blog

Повторно достапни закажувањата за термин за нова лична карта, возачка дозвола и пасош преку националниот портал за е-услуги

На барање на бројни граѓани и поттикнати од интересот на медиумите, Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека електронската апликација за закажување термин за издавање на лични документи повторно е достапна

Најмалку 39 Палестинци убиени во израелски воздушни напади во појасот Газа

АНКАРА (AA) – Најмалку 39 Палестинци се убиени денес во израелски воздушни напади врз повеќе локации низ појасот Газа, објавија медицински и локални извори, известува Анадолу. Во воздушен напад во западниот дел

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина
Go toTop