Македонија денес против Летонија за продолжување на битката за првото место во групата на ЛН

1 min read

Денеска од 18 часот на стадионот во Рига, нашата најдобра фудбалска репрезентација и гостува на Летонија.

Ова ќе биде првиот меч од октомврискиот циклус во Лигата на Нации во сегментот Ц. во групата 4. Веќе во недела повторно гостуваме и тоа во Ереван каде играме со Ерменија.

Овие два меча веројатно ќе бидат клучните за избраниците на селекторот Благоја Милевски во поглед на остварување на целта, а тоа е првото место во групата.

Со две победи, со шест освоени бода на овие две гостувања веројатно се ќе биде готово, за да во ноември ги дочекаме дома двете последни средби со Летонија и Ф. Острови во победничка атмосфера.

Селекторот Благоја Милевски не направи драстични промени во составот и на располагање ќе ги има истите фудбалери од претходно, со тоа што од комбинација за настап испаднаа повредените напаѓачи Александар Трајковски од хрватски Хајдук и Дарко Чурлинов од Јагелонија.

Меѓу повиканите од претходно го нема Кристијан Трапановски кој е повреден, него го менува Марио Илиевски од бугарска ЦСКА.

Македонија има проблеми со жолтите картони во одбраната каде Ѓоко Зајков  поради црвен картон на претходната средба е суспендиран, а под суспензија за жолти картони е Никола Серафимов.

Мечот ќе го суди Јакоб Сундберг од Данска.

 

 

Извор: kurir.mk

Претходно

Најмалку 192 убиени во бранот насилства меѓу наркобандите во Северозападно Мексико

Следно

Турскиот претседател Ердоган во посета на Албанија и Србија

Latest from Blog