Најмалку 80 лица се убиени во нападот врз жандармериско училиште во Мали што се случи неделава

1 min read

БАМАКО (АА) – Во нападот врз жандармериско училиште во Мали во вторникот убиени се десетици луѓе, меѓу кои и приправници, потврдија за Анадолу неименувани безбедносни извори, пренесува Анадолу.

Најмалку 80 лица се убиени, а повеќе од 250 се ранети во нападот врз жандармериското училиште „Фалади“ во главниот град Бамако, информираше неименуван извор.

Тој додаде дека бројот на жртвите може да се зголеми бидејќи неколку лица се тешко ранети и се наоѓаат на лекување.

Најмалку 50 жртви беа погребани во четвртокот.

Нападот започнал околу 5:30 часот според ГМТ (средно време по Гринич) и траел најмалку три часа.

Воената администрација на Мали го затвори и меѓународниот аеродром во Бамако, од каде што протече снимка на вооружен маж што пука кон авион на Светската програма за храна.

Извори од аеродромот рекоа дека напаѓачите го оштетиле и претседателскиот авион.

Воените власти извршија неколку апсења во врска со нападот.

Нападот наиде на осуда од неколку африкански држави, Организацијата за исламска соработка и дипломатската мисија на Европската Унија во Бамако.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Возете со прилагодена брзина на движење: Каква е состојбата на патиштата во Македонија?

Следно

Даниел Рикиардо најверојатно ја вози последната трка во кариерата

Latest from Blog