Демант од Град Скопје

February 12, 2023
1 min read

Дегутантно и срамно е однесувањето на поединци, кои сакаат да позираат како т.н. новинари, злоупотребувајќи хуманитарна акција за собирање на потребни средства за луѓе кои настрадаа од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

Градот Скопје е првата институција во Р.Македонија која испрати хуманитарна помош во Турција, и уплати парични средства за помош на Сирија и Турција во фондот на Црвениот Крст во вкупна висина од шест милиони ДЕНАРИ

 

Со индигнација ги демантираме гнасните лаги дека наводен инспектор во градот Скопје „ги бркал“ луѓето кои собираат хуманитарна помош!

 

Волонтери на градот Скопје се активни учесници на штандот на плоштадот „Македонија“ каде секојдневно се собираат потребните средства за хигиена, облека, храна и останати потреби за настраданите во Турција и Сирија.

 

Срамно, на граница со мизерност и политички очај е ставањето на меѓународна хуманитарна катастрофа во дневнополитички теми. Просто неверојатно е со каква леснотија се лаже за вакви чувствителни теми. 

Но, срамот не е на градот, туку на поединци кои ги креираат и шират овие лаги!

 

За вака изнесените невистини, бараме извинување во законскиот рок 48 часа од лицето Љупчо Златев и порталот Лидер, во спротивно правдата за овие ноторни и дегутантни лаги ќе ја бараме на суд.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По 150 часа под урнатините спасена 64-годишна жена во Туркије

Следно

Земјотрес во Албанија со епицентар во Драч

Latest from Blog

Манчестер јунајтед во јануари ќе купува нов напаѓач

Манчестер јунајтед би можел да има бурен јануарски преоден рок, особено во нападот. Неизвесноста околу здравствената состојба на Бењамин Шешко дополнително ги натера челниците на клубот да размислуваат за засилување во офанзивната

Мајка избоде три деца во Австралија, едното почина

 Едно петгодишно дете почина, додека другите две деца и мајката се во критична состојба. 45-годишната осомничена била пронајдена со повреди за кои полицијата верува дека сама си ги нанела. Сведоци ја опишуваат

САД се стремат кон целосно уривање на Меѓународниот кривичен суд

Администрацијата на Трамп подготви пакет санкции што за прв пат би го вклучил целиот Меѓународен кривичен суд како институција, а не само неговите поединечни судии и обвинители. Два извори запознаени со подготовките
Go toTop