Викенд шаховски турнир во Карпош

February 11, 2023
1 min read

Во организација на шаховскиот клуб “Гамбит Асеко“, а со финансиска поддршка од Општина Карпош, денеска по деветти пат се одржа викенд шаховски турнир Карпош, во просториите на хотелот „Story“.

На оваа спортска манифестација, пријавени се околу 160 учесници од неколку држави, Грција, Бугарија, Македонија, Србија и Косово, кои ќе си ги одмерат силите во целодневното натпреварување.

Градоначалникот на Општина Карпош, се заблагодари на присутноста на учесниците и им посака среќа.

-Општина Карпош и јас препознавме во шахот вистински ентузијасти, вистински ас-кети. Сакам да ви кажам дека и натаму ќе имате поддршка од Општина Карпош, драго ми е што најпрво од 40-ина шахисти, денеска ми изгледа овде претесно да ги собере сите пријавени. Многу ме радува што гледам дечиња, и момчиња и девојчиња, тоа кажува дека шахот има иднина во Македонија. Искрено се надевам дека за десет и повеќе години, ќе имаме познато шаховско име кое ќе не прослави и надвор од границите на државата. Оваа година немаме сила да го подготвуваме Карпош Опен, но ви ветувам дека догодина тоа ќе се случи, и ќе ги поддржиме овие млади шахисти кои одбрале вистинска игра, забава и спорт со кои ќе се развиваат и ќе ги истакнат своите способности. Морам да кажам дека од она што сум читал од науката, меѓу шахистите нема адолесценти, сите се еднакви, бидејќи, подготвени се да се справат со она што ги чека. Затоа ќе ги поддржуваме нашите млади шахисти, заедно со Гамбит Асеко и ги повикуваме да се пријавуваат во што поголем број, порача Јакимовски. 

На вечерното доделување на наградите за најдобрите, членови од шаховската Федерација на Македонија, ќе му доделат плакета на првиот човек на Општината, за успешна соработка и придонес во развојот на македонскиот шах, како спорт кој е малку заборавен од останатите општини, а Карпош е секогаш подготвен за афирмација на истиот.

Турнирот се игра во девет кола, по Швајцарски систем според правилата на ФИДЕ за забрзан шах. Темпото на игра е 15 минути по играч, со пет секунди додавање за секој одигран потег.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

УХМР: Утре слаб снег на планините, од задутре стабилно со повисоки температури

Следно

СПАСЕНО ПЕТЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО КОЕ 5 ДЕНА БЕШЕ ЗАТРУПАНО: Над 25 илјади војници ангажирани по земјотресите во Турција, смртниот биланс над 21 илјада

Latest from Blog

Четири знака кои откриваат дека партнерот повеќе не е заинтересиран за врската или бракот

Секоја врска поминува низ фази, но ако  почувствувате дека нешто се променило и дека топлината и блискоста повеќе не се присутни, можно е интересот од другата страна да се намалил. Препознавањето на

Таму и кралот оди пешки- принцот Вилијам снимен во јавен тоалет на Копакабана (ВИДЕО)

43-годишниот принц од Велс имаше голем број активности за време на неговата посета на Бразил оваа недела, вклучувајќи прошетка околу островот Пакета и посета на статуата на Христос Спасителот. Но, помеѓу посетата
Go toTop