Прва жртва од пожарите – маж во кумановско Кокошиње почина како последица на вдишување на чад

1 min read

Возрасен маж почина во кумановското село Кокошиње, задушен од чад. Оваа информација вечерва ја сподели Центарот за управување со кризи (ЦУК), посочувајќи дека сопругата на починатото лице е успешно евакуирана. 

Дванаесет села во државата попладнево беа зафатени со пожари, а во кумановското село Кокошиње почина повозрасно лице, кое најверојатно се задушило од чадот, информираше доцна попладнево директор на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Ангелов изјави дека денеска има повеќе од 40 пожари на отворено, а околу пладне се појавиле повеќе од 15 пожари на отворено, кои поради ветерот се шират брзо и зафатија повеќе села, кои се напуштени или се со малку жители. Како што рече, денеска гори речиси цела Источна Македонија.

„12 села беа зафатени со пожарите на отворено, а изгорен многу куќи. За жал во селото Кокошиње возрасен маж се задуши во чадта, а сопругата му е евакуирана. Изразувам жалење за овој случај“, рече тој.

Градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев вели дека сите сили се на терен, но ветерот не им е сојузник на пожарникарите, мештаните, Армијата и на хеликоптерот, кој постојано со ведрото фрлеше вода врз куќите кои гореа.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Во јужна Европа ќе се живее најдолго

Следно

Шефот на израелската дипломатија го повика НАТО да ја исфрли Турција од Алијансата

Latest from Blog