Николоски откри кој може да му побара оставка

September 23, 2024
1 min read

Оставка од мене може да побара премиерот или да побараат оние што ме избрале, а тоа е народот. Недозволиво е да странска држава да бара оставка да си поднесе потпретседател  на влада и министер. Тоа никаде го нема, изјави вечерва потпретседателот на Владата и министер за транспорт и врски Александар Николоски. 

Николовски во централниот дневник на „Сител“ рече дека барањето на бугарски политичари тој да си даде оставка значи директно мешање во внатрешните односи на една држава, додавајќи дека она што го прави Бојко Борисов покажува всушност дека тие сакаат да ги водат политичките процеси во земјава. 

– Од оваа перспектива не е ни за зачудување една информација којашто излезе пред неколку години кога се случи фамозниот Француски предлог, да сакаат обвинителите во Македонија да ги бираат. Така што јасна ни е интенцијата, прво сакаат да се мешаат во внатрешните работи и второ, кој е кредибилитетот на човекот што тоа го бара од мене, рече Николоски.

Додаде дека во Бугарија има екипа од дваесетина личности кои се обидуваат да ги нарушат пријателските односи меѓу двете држави.

– Таа екипа од дваесет политичари и историчари успеа да уништи добри односи помеѓу двата народи, македонскиот и бугарскиот народ се блиски народи и имаат добри односи. Дваесет политичари и историчари успеваат да ги уништат тие односи и тие односи да се на рекордно ниско ниво заради овој пристап то го имаат, рече Николоски.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Утрово се почуствува земјотрес со јачина од 3.4 степени според Рихтер

Следно

Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop