Протест на Друзите поради присуството на израелски министри на погребот по нападот на Голанската висорамнина

1 min read

АЛ-КУДС (ЕРУСАЛИМ) – Протест на Друзите поради присуството на израелски министри на погребот на 12 лица убиени во ракетниот напад на Голанската висорамнина, известува Анадолу.

Израел го поврза нападот на фудбалскиот терен во град Мајдал Шамс во кој живеат Друзи со либанската група Хезболах, која негираше каква било одговорност.

На снимката што ја објавија израелските медиуми се гледа како семејствата на загиантите протестираат против присуството на погребот на израелските министри, меѓу кои беше и екстремно десничарскиот министер за финансии, Безалел Смотрич.

„Бегај одовде, криминалецу. Не те сакаме на Голан“, викаше едно лице на Смотрич.

Министерот за животна средина Идит Силман, министерот за економија Нир Баркат и министерот за енергија Ели Коен се соочија со сличен бојкот.

Според израелскиот дневен весник „Едиот ахронот“ (Yedioth Ahronoth), Форумот на власта на Друзите испратил писмо до министрите во израелската влада во кое од нив бараат да не присуствуваат на погребот.

„Не доаѓајте. Со оглед на чувствителноста на ситуацијата, бараме овој масакр да не се претвори во политички настан. Бараме тивок верски погреб според обичаите на Друзите“, се наведува во писмото.

Стравувањата од целосна војна меѓу Израел и Хезболах се зголемија поради размената на прекугранични напади меѓу двете страни.

Тензиите долж границата на Либан со Израел се зголемија поради прекуграничните напади што се одвиваат меѓу Хезболах и израелските сили, во време додека Тел Авив ги продолжува своите брутални напади со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници во Појасот Газа, во кои се убиени речиси 39.300 луѓе од 7 октомври минатата година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Голем помор на риба во Вардар кај Градско

Следно

24 интервју – Михалчев: Гасењето пожар е исто како и во војна, срцето затреперува секој момент

Latest from Blog