„Хезболах ќе ја плати цената по нападот на Голанската висорамнина“, рече израелскиот министер за одбрана

1 min read

АНКАРА (АА) – Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денес изјави дека властите ќе се погрижат Хезболах да ја плати цената, еден по обвинувањето за напад на градот Мајдал Шамс, на окупираната Голанска Висорамнина, известува Анадолу.

„Жалиме за невините момчиња и девојки убиени во Мајдал Шамс. Во Израел има 150.000 Друзи, како и милиони Евреи и Арапски Израелци. Живееме рамо до рамо и сите страдаме од теророт на Хезболах. Ќе се погрижиме Хезболах, застапникот на Иран ја плаќа цената за оваа загуба“, рече Галант на социјалната мрежа X.

Најмалку 12 лица загинаа, а 35 се повредени кога ракета падна на фудбалско игралиште во градот Мајдал Шамс во кој живеат Друзи, на Голанска Висорамнина, соопштија израелските власти.

Израел го обвини Хезболах за нападот, но либанската група ја отфрли одговорноста.

Тензиите долж границата на Либан со Израел се зголемија поради прекуграничните напади што се одвиваат меѓу Хезболах и израелските сили, во време додека Тел Авив ги продолжува своите брутални напади со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници во Појасот Газа, во кои се убиени речиси 39.300 луѓе од 7 октомври минатата година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Следните денови сончево и топло, утре попладне краткотраен дожд

Следно

Голем помор на риба во Вардар кај Градско

Latest from Blog