Оваа љубовна комедија им беше омилена на многумина: Кејт Хадсон и Метју Меконахи „отворени“ за продолжение

July 22, 2024
1 min read

 Кејт Хадсон тврди дека таа и Метју Меконахи се отворени за идејата за продолжение на љубовната комедија „Како да изгубиш момче за 10 дена“ (How to Lose a Guy in 10 Days) од 2003 година.

Американската глумица говори за тоа во последното свое интервју за емисијата „Watch What Happens Live“.

– Со Меконахи разговаравме за враќање на улиците на Менхетен, разрушени од љубов… Мислам дека тие (продукциските студија) секогаш размислуваат за тоа, изјави Хадсон.

Меконахи еднаш говореше дека веќе не би глумел во „нереално плитки“ љубовни комедии, но прашан токму за ова продолжение, за „Ентертејнмент“ (Entertainment), во 2020 година, рече дека овој филм е нешто сосем друго.

– Мислам дека „Како да изгубите момче за 10 дена“ е скроен, знаете, скроен за од него (филмот) лесно да излезе продолжение. И беше навистина добар. Што се однесува до романтичните комедии, оваа беше навистина добра!, нагласи глумецот.

Филмот „Како да изгубите момче за 10 дена“ е заснован на истоимената книга на Мишел Александар и Џени Лонг. Приказната ги следи колумнистката Енди Андерсо и стручњакот за реклами Бенџамин Бери. Нивните патишта се вкрстуваат кога Енди почнува да пишува за тоа како да натерате маж да ве остави за 10 дена, а Бенџамин се обложува со колегите дека може да натера жена да се вљуби во него за исто толку време.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Чавков и дел од осудениците за 27 април се пуштени од затвор на 30 дена заради лекување

Следно

Пленковиќ за масакрот во Дарувар: Шокирани сме, тоа е монструозен чин

Latest from Blog

Како да цепи дрва- девојка со секира го нападнала своето момче на спиење, при апсењето се смеела

Жена од Северна Дакота е обвинета дека се обидела да го убие своето момче додека спиел, користејќи секира, а еден сведок рекол дека звучело како да „сече дрва“ додека го „удирала“ по

Светскиот шампион со Франција на 31 година замина во пензија

Поранешниот француски фудбалски репрезентативец Самуел Умтити објави дека ја завршува својата играчка кариера, објави францускиот весник „Л’Екип“. Умтити (31) објави на социјалните мрежи дека одлучил да ја заврши својата играчка кариера, откако

Американската војска нападна брод од Венецуела: Трамп итно се огласи – има мртви

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека американската војска извршила повторен напад врз брод за кој постоеле сомнежи дека превезувал дрога од Венецуела, при што загинале три лица. Трамп ја сподели информацијата преку

Над 30% од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ најдобро се справува со локалните проблеми

Институтот за политички истражувања Скопје, за потребите на МРТ подготви анкета за локалните избори за актуелните општествени случувања и за рејтингот на политичарите и партиите. Од резултатите презентирани вечерва во емисијата „Објектив“,
Go toTop