Димитриеска-Кочоска: Растот на БДП над 3 проценти е најсилна потврда за успешните економски политики

June 17, 2026
1 min read

Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за Телма телевизија, по повод 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој денес се одбележува во Струмица под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, истакна дека денес за разлика од власта на СДС и ДУИ се инвестира и гради насекаде, се градат училишта, патишта, се инвестира во здравството.

„Сакам да им честитам на сите симпатизери и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ и да ја искористам приликата, на ветераните посебна честитка да упатам, бидејќи тие се најзаслужни за основањето на партијата особено во еден тежок период. ВМРО-ДПМНЕ во последните 36 години постојано е пред предизвици, верувам дека и во последните две години можеби одредени граѓани се разочарани, можеби има и такви кои што сметаат дека треба позабрзано да ги движиме работите, но никако не треба да го заборавиме моментот кој на 24 јуни значеше состојба на катастрофална сметка во буџетот. Или 45 милиони евра на девизна сметка, за споредба 2017 година, при промена на власта 225 милиони евра на девизна сметка. Да не зборуваме за денарската сметка, која беше во огромен минус, неисплатени субвенции и тоа од 2021 година. Во делот на капиталните инвестиции самите граѓани може да направат разлика помеѓу тоа што е денес и тоа што беше во минатото“ кажа Димитриеска Кочоска.

Димитриеска Кочоска нагласи дека денес за разлика од минатото и власта на СДС и ДУИ денес се инвестира и се гради насекаде.

„Денес градиме во инфраструктурата, патиштата се видливи нешто што последните 7 години односно кај претходната власт немаше никакви движења. Денес имаме реконструкција на училишта, доградби на училишта имаме инвестиции во здравство. Приоритет беше стабилизирање на јавните финансии, денес нашиот слоган е ,,Македонија забрзува“, самото тоа значи дека во периодот којшто следи, уште повеќе ќе ги движиме работите и економските политики, иако економските политики се далеку подобри од минатото. Бруто домашниот производ е најголем доказ за нашето работење и покажува во континуитет раст од над 3%“, нагласи Димитриеска Кочоска.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитриеска-Кочоска: Растот од над 3% на БДП е показател за напредок

Следно

Мерц: За прв пат најдовме заеднички јазик со Трамп, тоа е вистински успех

Latest from Blog

Само Ланс знае како против ПСЖ!

фото:facebook.com/RCLens Ланс – ПСЖ 1:0 во меч од Суперкупот на Франција. Значи нема нов трофеј за четата на Луис Енрике која во последните две години просто е “казнена експедиција“. Ја покори Европа,

“УБИЈТЕ 30-40 ПАЛЕСТИНЦИ СЕКОЈА НОЌ“. Со децении вакво нешто не е наредено, освен сега од Израел

Скандалозна изјава на израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир еден од најесктремните десничарски политичари во владејачката коалиција на Бенјамин Нетанјаху, ја потресе светската јавност. Тој јавно заговара убивање 30 до 40

Охридското Езеро годинава ќе биде порибено со 1,6 милиони единки пастрмка

Годинава се планира Охридското Езеро да биде порибено со околу 1,6 милиони единки од ендемичниот вид охридска пастрмка, што е за околу 500 илјади повеќе во споредба со минатата година, информираше заменик-министерот
Go toTop