Чавков и дел од осудениците за 27 април се пуштени од затвор на 30 дена заради лекување

July 22, 2024
1 min read

Митко Чавков, поранешниот министер за внатрешни работи осуден за настаните од 27 април, е пуштен од затвор. Станува збор за прекин од еден месец кој е поткрепен со медицинска документација, кој овој прекин го побарал од  директорот на Управата за извршување на санкциите Александар Пандов. 

Пандов, потврди дека одобрил барања, за кои тврди дека нема право да ги одбие, бидејки се работи за лица кои имаат поткрепена медицинска докумнетција и од специјалисти. Меѓу  барањата што се одобрени има лица чии имиња не се на осудениците од 27 април

„Како в.д. Директор на управата за извршување на санкции, единствено што можам е ако дојде барање од затвореник којшто ќе достави документација дека има акутен здравствен проблем, потпишано од специјалист дека мора да се изврши здравствен зафат, тогаш јас немам право да го одбијам тој. Такви случаи во минатото биле одбивани. Јас тоа нема да го правам!“, Изјави в.д. Директорот на управата за извршување на санкции, Александар Пандов.

Осуденици за случајот 27 април се повикале на Членот 225 од Законот за извршување на санкциите, чиишто измени беа изгласани кон крајот на месец март. Според информациите на тв 24 во процедура се барањаѕта и на Горан Ѓошевски и Вилијам Михајловски.  Според истите информации прекин поради медицинска потреба им аи Горанче Анѓелковски Ќосето 

Реагираа од социјалдемократскиот сојуз, од каде велат дека меѓу луѓето кои се пуштени на привремена слобода се Јане Ченто, Александар Јаневски Тошта, Оливер Поповски и Митко Пешов од затворот во Штип. Од таму прашуваат како е можно со потпис на Пандов некој да има прекин во казната од 30 дена?“

Чавков кој за време на крвавиот четврток имаше т.н златна команда, како  и останатите беа осудени за терористичко загрозување на уставниот поредок.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шефовите на дипломатии во Брисел, на маса „неприфатливите“ ставови на Унгарија

Следно

Оваа љубовна комедија им беше омилена на многумина: Кејт Хадсон и Метју Меконахи „отворени“ за продолжение

Latest from Blog

Кралот Чарлс шокиран и тажен поради смртта на војникот од елитната коњичка единица

Кралот бил „многу шокиран“ и „тажен“ кога дознал за смртта на војникот  , изјави портпарол на Бакингемската палата. Војникот бил дел од кралската трупа, кралската коњска артилерија и паднал околу 19 часот

Димитриеска – Кочоска: Продолжени мерките за поевтини горива до 1 јуни

Владата на денешната вонредна седница донесе одлука за продолжување на мерките за намалување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните до 1 јуни 2026 година. Ова на својот фејсбук

Трамп со предупредување до Тајван, островот со одговор веќе сме суверена земја

Трамп  за Fox News, изјави дека „не сака никој да прогласува независност“ и повтори дека американската политика кон Тајван останува непроменета. Тој исто така кажа  дека не сака конфликт со Кина, туку

Платите во Европа се разликуваат драстично: Ова се земјите со највисоки и најниски примања

Просечните плати значително се разликуваат низ Европа, исто како и трошоците за живот. Најновите споредби покажуваат дека највисоки плати имаат земјите од западна и северна Европа, додека најниски примања се бележат во
Go toTop