Кузманов за „Студио 10“: Седум главни теми на 75 НАТО Самит

1 min read

„Од денеска започна 75 НАТО Самит во Вашингтон. Значаен Самит за американската администрација, како водечка сила во НАТО и сите членки. Мора да истакнам дека на овие редовни самити се разговара на многу теми. Се разговара за повеќе области. Мојата претпоставка е дека главните теми ќе бидат следниве: 

1. Поддршката на Украина и како НАТО да продолжи да ја поддржува Украина. 

2. Зајакнување на источното крило на НАТО.
3. Здружување на одбранбените ресурси.
4. Четврта би била зголемување на одвојвувањета за одбраната и воените буџети.
5. Пета би била за воведување и согледување, давање стратегиски наоски за усвојување нови технологии на НАТО во делот на вооружување.
6. Шеста тема би била соработката со индопацифичкиот регион, бидејки НАТО сака да сеопфатен има 360 степен пристап.
7. Потврдата на досегашниот премиерот на Холандија Руте за секретар на Генералниот секретар.

Ова се дел од темите, но детално секако ќе го проследиме самитот и ќе можеме отпосле подетално да искомуницираме.“ – вели за „Студио 10“ Златко Кузманов, Центар за интегрирана безбедност.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

„Туркије го проширува своето присуство во вселената и покрај сите пречки“

Следно

Колку е лоша енергетската ситуација во Украина?

Latest from Blog