Мицкоски: Десет милиони евра од буџетот за 2025 година наменет за млади до 29 години за отпочнување бизниси

October 7, 2024
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски денеска посочи дека во новиот буџет кој е во изработка за следната 2025 година ќе бидат предвидени мерки за студентите, а меѓу нив и ваучери од 250 евра за набавка на електронски уреди, како и средства од 10 милиони евра кои ќе бидат наменети за млади до 29 години за отпочнување бизниси.

– Мерките коишто ги промовиравме вчера подразбираат дека сите студенти, буквално сите студенти кај нас ќе добијат ваучер во вредност од 250 евра, со којшто ќе можат да купат електронски уред – телефон, компјутер или таблет, со коишто ќе бидат во ситуација да се вмрежуваат со своите колеги во регионот, но и во Европа и во светот. И цениме дека во овие тешки предизвиквуачки времиња тоа е помош за младите, но истовремено и во новиот буџет за следната година ќе обезбедиме десет милиони евра коишто ќе бидат наменети за млади до 29 години коишто ќе отпочнуваат свој бизнис и во зависност од бизнис планот тие ќе добијат грант од вредност од илјада до 30 илјади евра, рече Мицкоски.

Како што појасни, Комисија ќе врши избор и селекција на проектите.

– Мислиме дека ова ќе претставува одличен мотив за младите да почнат овде да прават бизнис и истовремено да се вмрежуваат со своите врсници во регионот и во Европа, рече тој.

Премиерот Мицкоски изјавата ја даде на заедничката прес-конференција со неговиот српски колега Милош Вучевиќ кој е во официјална посета на Скопје, на која двајцата се осврнаа на поврзувањето на двете земји и на регионот преку проекти во енергетската и железничката инфраструктура.

-Светот останува на младите. Сето тоа што денеска го правиме останува на нив. Сите овие проекти за кои што зборувавме и за енергетското проврзување и за патното и за железничкото поврзување се влог за иднината на младите да се обезбедат повеќе можности за да тие останат тука, да работат, да творат, тука да ги градат своите семејства. Оние коишто заминаа да се вратат, вели Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Одбележан Европскиот ден на органодонорството, за неполни четири години направени 85 трансплантации

Следно

Комисијата за политички систем го разгледа годишниот извештај за работата на јавните обвинителства

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop