Загрижувачка појавата на шверц на оружје од Косово во Албанија

1 min read

Косово стана најголемиот „снабдувач“ на Албанија со огнено оружје, што го потврдува полициската статистика, според која само во првите четири месеци од годинава се запленети 125 парчиња огнено оружје, од кои 75 се пиштоли, како и поголема количина муниција, јави Ора њуз.

Според истиот извор, загриженост за оваа појава изразил и првиот човек на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, Алтин Думани, наведувајќи дека „криминалните групи нарачуваат повеќе огнено оружје од типот пиштол“.

Само вчера полицијата во Тирана заплени 10 пиштоли, исто толку рамки за куршуми и поголема количина муниција, а уапси четворица косовски државјани.

– Шверцот со оружје е уште една криминална активност, која главно ги придружува групите вклучени во трговија со наркотици и се карактеризира со висока употреба на насилство. Во последно време е забележан растечки тренд на криминални групи кои дејствуваат во странство, а кои тука нарачуваат огнено оружје, од типот „пиштол“, а главен снабдувач останува Косово, изјавил тој.

Од истрагите на Специјалното обвинителство, но и на окружните обвинителства, се утврдува дека цената за еден пиштол се движи од илјада до 2 илјади евра.

– Шверцерите најчесто за внесување оружје ги користеле викендите и празниците, затоа што полициските службеници на граничните премини, од двете страни, не вршеле детални проверки на државјаните од Косово, туку од нив се барало само документ за идентификација. Обидите за шверц на оружје се очекува да се зголемат, бидејќи за граѓаните на двете земји нема детална контрола, наведува телевизијата.

Според СПАК, Косово, освен за огнено оружје, стана снабдувач и за експлозиви, кои се користеле во криминални активности.

Извор: kurir.mk

Претходно

Чави се збогува со фановите: Од недела и јас ќе бидам навивач на Барса

Следно

Бројот на загинати во израелските напади врз Појасот Газа се искачи на 35.903

Latest from Blog