Со повеќе свечености во Скопје и Штип, денеска ќе бидат одбележани 34 години од формирањето на Армијата.
По повод 18 Август – Денот на Армијата, во касарната „Илинден“ во Скопје од 19 часот, артилерискиот баталјон ќе изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија. Во 18 часот ќе му претходи пробна стрелба со еден плотун.
Јубилејот ќе се одбележи и во касарната „Јане Сандански“ во Штип, каде што ќе се одржи смотра на Вториот пешадиски баталјон и други армиски единици. На свеченоста ќе присуствуваат претставници од воениот врв, градоначалници од регионот, раководители на јавни институции и претставници на верските заедници.
Како Ден на Армијата се одбележува 18 август 1943 година, кога на Славеј Планина беше формиран баталјонот „Мирче Ацев“ — првата организирана воена формација на НОВ. Формирањето на современата Армија започна во 1992 година, по потпишувањето на договорот меѓу претседателот Киро Глигоров и раководството на ЈНА за дислокација на федералната армија. Денес, Армијата е рамноправен дел од НАТО алијансата, по полноправното членство на земјата во март 2020 година.
Извор: zurnal.mk


