БРИСЕЛ ПОДГОТВУВА НОВ УДАР ВРЗ МОСКВА: ЕУ со најобемни санкции за Русија досега

August 17, 2026
1 min read

Европската Унија подготвува нов, најобемен пакет санкции против Русија од почетокот на војната во Украина, кој се очекува да биде претставен оваа есен. Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, најави дека со новите мерки бројот на санкционирани руски субјекти ќе се зголеми за една третина, со цел дополнително да се ослабне руската воена машинерија и да се зголеми економскиот притисок врз Москва.

Новите санкции, според најавите, треба дополнително да ја изолираат Русија и да ги ограничат каналите преку кои се финансира војната, додека Брисел испраќа порака дека притисокот ќе продолжи сè додека Кремљ не ги прекине воените операции во Украина.

Новиот пакет што го најави Европската Унија предвидува проширување на црната листа со голем број нови поединци и правни субјекти. Според Каја Калас, по усвојувањето на оваа одлука, вкупниот број на санкционирани руски субјекти веднаш ќе се зголеми за една третина.

Калас за германскиот весник „Ди Велт“ изјави дека претходните казнети мерки веќе и нанеле огромна финансиска штета на Москва, ускратувајќи му на нејзиниот воен буџет износ поголем од еден трилион евра. Сегашниот предлог има цел уште повеќе да ги стегне економските синџири што ја финансираат војната.

Оваа најава доаѓа по одлуката од јули, кога Брисел го одобри претходниот пакет санкции насочен пред сè кон рускиот банкарски сектор и мрежите поврзани со трговија на криптовалути.

Иако точниот датум на влегување во сила и сите специфични детали од новиот пакет сè уште не се официјално објавени, пораката од Брисел е јасна: санкциите ќе се прошируваат сè додека Кремљ не ги прекинат сите воени операции во Украина.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Армијата слави 34 години од своето формирање

Latest from Blog

Проданоски: 20 години пријателство меѓу Прилеп и Тополчани, продолжуваме со нови проекти

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, престојува во Тополчани, Словачка, по повод традиционалните „Денови на Тополчани“ и одбележувањето на 20-годишнината од соработката и збратимувањето меѓу Прилеп и Тополчани. Проданоски, кој е во

Само Ланс знае како против ПСЖ!

фото:facebook.com/RCLens Ланс – ПСЖ 1:0 во меч од Суперкупот на Франција. Значи нема нов трофеј за четата на Луис Енрике која во последните две години просто е “казнена експедиција“. Ја покори Европа,

“УБИЈТЕ 30-40 ПАЛЕСТИНЦИ СЕКОЈА НОЌ“. Со децении вакво нешто не е наредено, освен сега од Израел

Скандалозна изјава на израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир еден од најесктремните десничарски политичари во владејачката коалиција на Бенјамин Нетанјаху, ја потресе светската јавност. Тој јавно заговара убивање 30 до 40
Go toTop