“УБИЈТЕ 30-40 ПАЛЕСТИНЦИ СЕКОЈА НОЌ“. Со децении вакво нешто не е наредено, освен сега од Израел

August 16, 2026
1 min read

Скандалозна изјава на израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир еден од најесктремните десничарски политичари во владејачката коалиција на Бенјамин Нетанјаху, ја потресе светската јавност.

Тој јавно заговара убивање 30 до 40 луѓе во Газа секој ден и тоа го изјави во подкаст-разговор со Ром Браславски, поранешен заробеник во Газа. Двајцата разговараа за опоравувањето на Израел по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година. Бен-Гвир критикуваше и намален интензитет на нападите врз Газа.

Не е тајна дека не се сложувам со премиерот. Мислам дека во Газа треба да се спроведуваат целни убиства, ликвидирање на 30 до 40 луѓе секоја ноќ. Не само оние кои се непосредна опасност – таму има и луѓе кои не се достојни за живот. Не би требало да живеат. Тие не се дури ниту луѓе, рече тој.

Тој нема авторитет над израелската војска и не може да наредува напади врз Газа, но е еден од највлијателните политичари во Израел.

Бен Гвир ја контролира полицијата и затворскиот систем, во кој се наоѓаат неколку илјади Палестинци од Газа и Западниот Брег.

Според Бен Гвир, Палестинците треба да бидат протерани од Газа.

– Јас ја гледам цела Газа како наша. Треба да се охрабрат што е можно повеќе жители на Газа да емигрираат, да ги испратат во нивните земји. Нема емиграција за терористи, тие само треба да бидат убиени еден по еден, рече Бен Гвир.

Слични изјави на Бен-Гвир и други израелски официјални лица порано беа осудувани. Во повеќе наврати се доставувани до Меѓународниот суд за правда на ОН како доказ за геноцидни намери.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Каде завршуваат парите што ги плаќаме за почиста животна средина?

Следно

Само Ланс знае како против ПСЖ!

Latest from Blog

Само Ланс знае како против ПСЖ!

фото:facebook.com/RCLens Ланс – ПСЖ 1:0 во меч од Суперкупот на Франција. Значи нема нов трофеј за четата на Луис Енрике која во последните две години просто е “казнена експедиција“. Ја покори Европа,

Охридското Езеро годинава ќе биде порибено со 1,6 милиони единки пастрмка

Годинава се планира Охридското Езеро да биде порибено со околу 1,6 милиони единки од ендемичниот вид охридска пастрмка, што е за околу 500 илјади повеќе во споредба со минатата година, информираше заменик-министерот
Go toTop