Арсовска: Со приватните превозници треба да се најде решение, но не на штета на Скопје

February 5, 2023
2 mins read

Верувам дека со приватните автобуски треба да се разговара и за сите проблеми да се најде решение, меѓутоа тоа во ниту еден случај не смее да биде на штета на Градот Скопје, а Градот и скопјани претрпеа сериозна штета од нивните постапки и однесување, изјави скопската градоначалничка Данела Арсовска во интервју за МИА.

Таа вели дека понудата на Градот за ангажирање на приватните превозници преку јавните повици било во најдобар интерес на сите, но бидејќи никој не се пријавил на нив таа тема, според неа, веќе е затворена.

– Објавивме јавни повици на коешто викавме сите коишто имаат намера и коишто декларативно кажуваат дека и претходно чесно работеле и чесно ја вршеле својата дејност и сега да пристапат кон тоа и да можат да ја работат чесно работата во којашто практично се вложиле себеси или инвестирале за да ја вршат како дејност. Меѓутоа, за жал, никој од нив не се охрабри, не се појави на тој јавен повик, со што сметам дека оваа тема е и затворена, истакна Арсовска.

Околу тоа дали сепак ќе се бара некое решение или превозниците ќе останат колатерална штета во целата приказна, Арсовска вели дека пред да се предизвика целиот хаос во градот требало да се размислува за реперкусиите за сите граѓани на Скопје.

– Затоа што некој свесно ги довел во состојбата во која што се, сега имаме свесно креиран предизвик во Градот Скопје со којшто ЈСП се обидува да се справи и да доведе до тоа да имаме примарно квалитетна услуга за скопјани во делот на јавниот превоз, додаде Арсовска.

Таа потенцира дека во овој момент Градот Скопје е фокусиран да најде квалитетно системско решение и да изготви реформа во јавниот превоз, којашто, според неа, мора да биде нешто што ќе го опфати целиот град и сите места каде што сега или ретко или пак воопшто не сообраќаат автобуси. Нагалсувајќу дека повеќе од 40-тина година не е направена сообраќајна студија во Градот, Арсовка вели дека на скопјани треба да им се понуди еден концепт со којшто трајно ќе биде решено сето она што го имале како проблем или како предизвик.

Во врска со одлуката на градскиот Совет да не го поддржи предлогот за задолжување на Градот Скопје за набавка на нови еколошки автобуси, Арсовска смета дека во овој случај одговорноста паѓа на советниците, кои ги прават тие „кочници“ од политичка природа.

– Јас не верувам дека кој било од тие советници лично смета дека не е добро скопјани да добијат ефикасен и еколошки јавен превоз, рече Арсовска, изразувајќи уверување дека на следната седница на градскиот Совет, што трба да се одржи кон крајот на месецов, советниците ќе го подржат тој предлог и дека до крајот на годината ќе може да го исполни ветувањето дадено на скопја за обебзедување еколошки автобуси.

Градоначалничката Арсовска во интервју за МИА говори и за прашања поврзани со нејзиното разрешување од претседателската функција во ЗЕЛС, предизвиците и проблемите настанати во недостиг на поддршката од Советот ,како и за градежниот хаос во главниот град, последните случувања во МКЦ…

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски: Од почетокот на војната од руско заробеништво се вратија 1.762 Украинци

Следно

По соборувањето на балонот, Кина им се закани на САД со „неопходен одговор“

Latest from Blog

Коњановски оствари средба со британскиот амбасадор Лосон во Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски денеска оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, Метју Лосон, кој ја реализира својата прва официјална посета на Битола. На состанокот двајцата соговорници ги

Од СДС не очекуваме ништо помалку од тоа да го брани криминалот и своите истакнати корумпирани политичари

Од СДС не очекуваме ништо помалку од тоа да го брани криминалот и своите истакнати корумпирани политичари. Впрочем, дали некој во земјава очекува нешто друго од партија која е заложник на Заев

Македонскиот фудбал влегува во нова дигитална ера со платформата FANZEAL

Фудбалската федерација на Македонија денеска ја претстави новата стратешка соработка со иновативната платформа FANZEAL, која претставува значаен чекор во дигиталната трансформација на македонскиот фудбал. На официјалниот настан присуствуваа претседателот на ФФМ, Масар

Божиновска: „Отворени сме за секоја иницијатива што носи напредок“

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на Националниот настан за вмрежување на Локалните економско-социјални совети, каде што уште еднаш ја потврди силната определба на Министерството да работи отворено,
Go toTop