Зеленски: Од почетокот на војната од руско заробеништво се вратија 1.762 Украинци

February 5, 2023
1 min read

КИЕВ (АА) – Вкупно 1.762 Украинци се вратени од руско заробеништво од почетокот на војната, изјави украинскиот претседател Владимир Зеленски, пренесува Анадолу.

Зеленски во видеопорака на Телеграм истакна дека уште 116 украински војници се ослободени во последната размена на заробеници меѓу Русија и Украина.

Посочувајќи дека размената се одвива со месеци, Зеленски рече: „Од 24 февруари, 1.762 Украинци успеаја да се вратат од руското заробеништво.“

Зеленски истакна дека имал телефонски разговор со британскиот премиер Риши Сунак на кој било разговарано за помошта во оружје за неговата земја.

„Нашите војници веќе започнаа со обука за тенковите Челинџер 2 во Британија“, рече украинскиот претседател.

Тој нагласи дека најтешките борби од почетокот на руската агресија се водени во регионот на Доњецк.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мирно одбележан роденденот на Гоце Делчев во Скопје – тројца Бугари заработија забрана за влез во државата

Следно

Арсовска: Со приватните превозници треба да се најде решение, но не на штета на Скопје

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop