Турскиот тим за поларни истражувања замина за Антарктикот

January 31, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот тим за поларни истражувања денес замина од Истанбул за Антарктикот за да ја спроведе седмата експедиција на ледениот континент, јавува Агенција Анадолија (АА).

Група од 19 турски и тројца странски научници ќе работат на 18 научни проекти, изјави Бурџу Озсој, координаторка на експедицијата.

„Подготовките за научното патување започнаа пред 11 месеци“, рече Озсој, директорка на Институтот „Каре“ при Советот за научни и технолошки истражувања на Туркије (ТУБИТАК).

„Ако дозволи времето, ќе се качиме на брод по пристигнувањето на Антарктикот и ќе спроведеме вкупно 18 научни проекти“, истакна таа.

– Тројца средношколци дел од тимот –

Озсој рече дека овојпат на експедицијата се приклучуваат и три средношколки откако го освоиле првото место минатата година на Текнофест, најголемиот настан во Туркије на полето на технологијата и авијацијата.

Говорејќи за нивниот проект, Зејнеп Ипек Јанмаз, членка на тимот средношколци, рече дека биолошката пластика што ја добиле од желадот на дабот се разложува за 45 дена за разлика од широко распространетата пластика којашто се разложува во природата за 450 години.

„Првин, го презентиравме нашиот проект пред жирито во Гиресун (северна Туркије). Бевме избрани за први во физичките науки. Потоа бевме интервјуирани на Текнофест во Самсун и бевме избрани како први со што се квалификувавме да одиме на Антарктикот“, рече Јанмаз, на која на патувањето ѝ се придружија и средношколките Азра Ајше Бичакџи и Хилал Башак Демирел.

„Освен тоа што имаме млади девојчиња, бројот на научнички во нашиот тим оваа година е поголем отколку во претходните експедиции. Тоа што имаме жени научници на теренот е голема сила за нас“, рече Озсој.

„Нашите средношколци ќе имаат поинаква програма. Тие ќе ги посетат базите на другите земји, ќе се сретнат со научниците од другите земји и ќе имаат можност да работат во научни лаборатории“, додаде таа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

(ВИДЕО) Ново издание на 360°: Добредојден за работа во Луксембург, недостоен за скопските стоматолошки клиники

Следно

Бројот на загинати при превртување на брод во северозападен Пакистан се искачи на 41

Latest from Blog

Ѓорѓиевски: Потпишана декларација за обединување за подобро Шуто Оризари

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изјави дека со потпишувањето на Декларацијата за заедничко делување е направен „историски чекор напред“ во насока на обединување за подобро Шуто Оризари и

Аморим: Понекогаш е многу тешко да се разбудат добри емоции во нашиот клуб

Рубен Аморим ја коментираше победата на неговиот тим Манчестер Јунајтед од 4:2 против Брајтон во натпреварот од 9-тото коло од англиската Премиер-лига. „Се чувствувам добро. Три бода дома. Игравме добро, но на

Македонско друштво „Илинден“ – Тирана доби поддршка од ФУЕН за правата на малцинствата

Генералното собрание на Федералната унија на европските националности (ФУЕН),  на 69-от Конгрес едногласно усвои Резолуција поднесена од Македонско друштво “Илинден”-Тирана. ФУЕН ја повикува Република Албанија, Комитетот за малцинства, кој е владин орган,

Јовица Илиевски: Брвеница се гради со проекти, не со поделби

Градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски, денеска заедно со премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сретнаа со граѓаните во пресрет на вториот круг од локалните избори. Илиевски истакна дека за време
Go toTop