Лидерот на француската крајно десничарска партија Национален собир, Џордан Бардела, изјави дека нема да му биде потребна поддршката од американскиот претседател Доналд Трамп во претседателската кампања.
Во интервју за бриселскиот портал Политико, Бардела рече дека однесувањето на Трамп „не е само непредвидливо, туку и исклучително нестабилно и постојано се менува“.
Кога го прашаа како го гледа американскиот претседател, тој рече дека тоа „зависи од денот“ и дека „има став од понеделник, став од вторник, став од среда“.
Тој ја отфрли потенцијалната поддршка за кампањата од Трамп, за кого тврди дека се обидел да влијае на изборите во Унгарија, Полска и Аргентина, каде што ги поддржувал десничарските лидери.
„Поддршката што ја бараме кај Марин Ле Пен е поддршката од францускиот народ, поддршката од француските гласачи. Не мора да прифатиме или да отвориме врата за каква било форма на мешање“, рече Бардела.
„Американците се сојузници и ќе останат такви. Но, тие се сојузници кои повеќе немаат намера да ја спасат Европа или да останат чадор и заштитник на европските земји. Вториот мандат на претседателот Трамп е навистина значително различен од првиот“, заклучи Бардела.
Бардела иден претседател?
Според резултатите од анкетите, Бардела би можел да влезе во Елисејската палата на претседателските избори во 2027 година доколку Марин Ле Пен, поради нејзината пресуда за проневера, биде спречена да се кандидира.
Доколку биде избран, Бардела би ја предводел втората најголема економија во Европа, една од најмоќните војски на НАТО и единствената нуклеарна сила на Европската Унија.
Извор: vecer.mk

