Градоначалникот на Аеродром на работна средба со делегација од општината Исла во Малта

January 22, 2023
1 min read

Градоначалникот Тимчо Муцунски оствари работна средба со делегација од општината Исла, Малта предводена од Градоначалникот на оваа општина, Кливе Пулис.

„Ми беше чест да бидам домаќин на еден работен состанок за кој цврсто верувам дека е само почеток на меѓусебно пријателство и партнерски односи кои ќе резултираат со успешна реализација на заеднички проекти и активности меѓу двете општини“, истакна Муцунски во неговата фејсбук објава.

Меѓуопштинската соработка во меѓународни рамки е одлична можност за размена на искуства, пракса и мислења, но и за промоција на проектите и активностите на општина Аеродром во странство.  

Тој додаде дека на средбата се разговарало за можностите и потенцијалот за меѓусебна соработка, особено во делот на образованието и културата, каде со средства од Европската Унија постои потенцијал да се реализираат проекти кои ќе бидат важни за Општина Аеродром, а посебно за учениците од основните училишта.

„Малта е земја во која живеат голем број Македонци и заеднички се согласивме дека е неопходно интензивно да работиме на прадлабочување на меѓусебната соработка во различни области“, заклучи Муцунски во неговата објава.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФИФА со контра удар кон ПСЖ

Следно

Лунарната Нова година во Кина прославена без мерки против Ковид-19

Latest from Blog

Пејачка шокира со објавата: Се омажив за моето куче (ФОТО)

Церемонијата се одржала во саботата, 10 јануари, два дена по нејзиниот роденден, а на неа присуствувале нејзините пријатели и членовите на бендот. Луис објави серија фотографии од прославата на социјалните мрежи. „Се
Go toTop