Оваа урбана заедница од Карпош ќе добие фасади на зградите и нови паркиралишта

January 5, 2023
1 min read

Општина Карпош ја стартуваше новата година со реализација на градежни зафати на територијата на урбаната заедница Кузман Јосифовски Питу.

Решен е повеќе деценискиот проблем со канализационата инфраструктура на зградата број 47 на улицата Јуриј Гагарин. Градежните работи ќе продолжат на оваа локација. Планирано е подземна и надземна реконструкција на крак од улицата Јуриј Гагарин.

– Во овој дел ќе правиме атмосферска канализација вклучувајќи нови тротоари, нов коловоз, а ќе бидат средени и паркинзите на зградите 47 и 49, изјави градоначалникот Стевчо Јакимовски.

Во програмите за 2023 година ставена е и изведба на енергетско ефикасна фасада нa зградите 47 и 49, а потоа и уште една зграда во непосредна близина со што оваа урбана заедница ќе добие современ и модерен лик, информираа од општина Карпош. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Скопје и натаму меѓу најзагадените светски градови, власта и опозицијата со обвинувања кој што направил за да го „исчисти“

Следно

Масакр во Јута: Тела на осумчлено семејство пронајдени во куќа, меѓу нив има 5 деца

Latest from Blog

„Саботажа“ во Жабени пред посетата на Мицкоски: Оштетена инфраструктура во Индустриската зона

Индустриската зона ,,Жабени” соопштува дека фатени се две лица кои недозволено се движеле на територија на зоната. Ова се случува само еден ден пред посетата на премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на

Инцидент во ИЗ „Жабени“: Две лица затекнати во забранета зона, полицијата постапува

Индустриската зона ,,Жабени” соопштува дека фатени се две лица кои недозволено се движеле на територија на зоната. Ова се случува само еден ден пред посетата на премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на
Go toTop