САД и Иран постигнаа мировен договор – во петок ќе биде потпишан во Женева

June 15, 2026
1 min read

Затворање на сите фронтови на 60 дена, вклучувајќи го и оној во Либан и отворање на Ормускиот Теснец, и од Иран и од морската блокада на САД – Вашингот и Техеран, со посредување на Исламабад, постигнаа прелиминарен договор по три и пол месеци да стават крај на војната, кој ќе го официјализираат в петок во Швајцарија.

Договорот ќе донесе мир и безбедност во регионот, нешто што многу претседатели на САД се обидоа да го постигнат, но потфрлија, порача претседателот Трамп, кој додаде дека „нафтата повторно ќе почне да тече“.

-Лидерите во регионот за прв пад најдоа претседател кој може да им помогне да постигнат вистински мир. Со отврањето на Ормускиот Теснец по потпишувањето на договорот во петок, со цел да се отстранат мините, нафтата повторно ќе тече на двата краја од регионот и во светот,- Доналд Трамп.

Сепак, најтешките теми се оставени за 60 дена примирије, каде ќе следува нова рунда на преговори за најчувствителните прашања – Иранската нуклеарна програма, санкциите од САД и замрзнатите средства на Техеран.

Според САД, договорот е доказ дека Иран е принуден на ограничувања – земјата од Блискиот Исток пак истиот го претставува како дипломатска победа, оти според тамошните власти, Техеран ги зачувал клучните позиции и го приморал Вашингот да седне на маса. 

-Непријателот беше принуден да побара прекин на огнот и преговори, а сега ние сведочиме на нацрт – договор во кој сите наши позиции, како и важните прашања кои ги сметаме за неопходни, се вметнати. Како и да е, она што беше поврзано со обврските на Иран се спроведуваат и ќе бидат спроведени. Другте одредби од меморандумот за разбиаре ќе произлезат од формалното потпишување на меморандумот во петок,- – Казем Гарибабади – Заменик министер за надворешни работи на Иран.

Поголемиот дел од светските лидери, вклучувајќи ги и ОН го поздравија договорот – Потпретседателката на ЕК, Каја Калас кажа дека истиот е добредојден и денеска ќе биде тема на дискусија со министрите за надворешни работи, а ЕУ се нуди да даде своја експертиза во неговата реализација. 

Бевме во контакт со Иран, но и со партнерите од Заливот, исто така и со нашите американски колеги да понудиме помош, бидејќи имаме експертиза кога станува збор за нуклеарни преговори, на пример.

Наспроти ова, Тел Авив со многу „поладен“ став – според нив договорот е недовршен и потенцијално ризичен компромис. Децидно порачаа, не се повлекуваат од Либан и дека го задржуваат правото на самостојна воена акција, но и на жесток одговор доколку Иран повторно посегне да зајакнува нуклеарно – став кој го потврди и амбасадорката на Израел во Македонија, при нејзината посета.

Ормускиот теснец кој почна да се отвора, но е се уште далеку од нормализација, веднаш доведе до поместувања на берзите. Нафтата од типот Бренд е со пад од 4% и тримесечен минимум од 84 долари по барел. Пред да започне конфликтот, беше 75 долари.

Извор: vecer.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

„Саботажа“ во Жабени пред посетата на Мицкоски: Оштетена инфраструктура во Индустриската зона

Следно

Проданоски: Спортот и хуманоста во Прилеп повторно обединети

Latest from Blog

Општина Битола организира втор граѓански форум за плоштадот „Гоце Делчев

Општина Битола ќе го организира вториот граѓански форум посветен на уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“, на кој ќе бидат презентирани предлог-идеите за идниот изглед и уредување на овој значаен јавен простор. Форумот

Меси го испрати рекордот на Кристијано во историја, па заплака: Поминувам низ тешки денови!

Фото: ФИФА Х Лионел Меси постигна хет-трик за прв пат во историјата на Светските првенства една недела пред неговиот 39-ти роденден. Во првиот натпревар на Аргентина на Светските првенства, Меси ги постигна

Работна посета на министерот Тимчо Муцунски на Даблин, Ирска

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе престојува во Даблин во рамки на работна посета на Ирска. За време на посетата, министерот Муцунски ќе оствари средба со министерката

Килијан е ЧУДО: Мбапе го урна рекордот на Жиру, сега е блиску и до оној на Клосе!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/equipedefrance/ Ѕвездата на француската репрезентација, Килијан Мбапе, го престигна Лионел Меси по бројот на постигнати голови на Светските првенства. Ова стана факт откако напаѓачот постигна два гола во натпреварот од првото коло
Go toTop