Србија: Осуда за министерот за образование кој наместо оставка го обвинува канцерогеното влијание на интернетот, видео игрите и западните вредности

May 4, 2023
1 min read

Тешко не погоди трагичниот настан во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, загубените животи на осум деца и училишниот чувар, повредените ученици и наставникот. Во земја каде што две третини од граѓаните имаат чувство на безнадежност и исто толку од нив покажуваат силно чувство на егоцентричност, ваков настан, за жал, беше очекуван. Изгубените млади животи не можат да се вратат, но мора да се направи се за да не се повтори вакво нешто, соопштија од Европското движење во Србија.

Како што јави допсиникот на МИА од Белград, во соопштенито се наведува дека во вакви тешки и трагични моменти за Србија, власта, за жал, не престанува да шокира, да ги продлабочува поделбите и да ги доведува граѓаните во заблуда со популистички изјави и произволни оценки. Владата, која со заробување на институциите, задушувајќи ја слободата на медиумите и изразувањето, промовирајќи говор на омраза и нетолеранција, го обликува јавното мислење по своја дискреција, создавајќи доминантно чувство на вознемиреност, мора да преземе одговорност, се вели во соопштението.

-Најостро ја осудуваме изјавата на министерот за образование Бранко Ружиќ, кој наместо да понуди оставка, вината за ваков настан ги обвинува „канцерогеното влијание на интернетот, видео игрите и западните вредности“. Употребата на новите технологии нема национален или географски предзнак, има свои предности, како и можности за злоупотреба, за кои систематски се грижат добронамерните, посветени и демократски општества. Училиштата, како што рече и самиот министер Ружиќ, не се изолирани острови, тие се слика на општеството што ги обликува, соопштија од Европското движење.

Во соопштението се наведува и дека „жалосно е што еден ваков трагичен настан се користи за дневно-политички цели, за повторно создавање на лажна слика за заедницата на општества чиј природен дел е Србија и во чијашто суштина се универзалните човечки вредности“.

Се прашуваме што треба уште да се случи за да може власта да прифати дека не е сè дозволено во битката за рејтинг, дека е време да престане со реалните програми кои промовираат агресија и насилство на телевизија со национална фреквенција, дека претседателот на државата, кој има најголемо влијание во општеството почне да промовира култура на дијалог, да негува култура на меѓусебно почитување и разбирање, а не вознемиреност и страв.

Сè додека живееме во страв, без можност и право да се развиваме како слободни луѓе, ваков трагичен настан може да биде само еден во низата, предупредуваат од Европското движење во Србија.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски во Хаг: Сите сакаме да го видиме Владимир овде

Следно

Украина: Русија донесе воена опрема и експлозив во нуклеарната централа Запорожје

Latest from Blog

Николоски: Македонското небо целосно покриено со најсовремени системи за контрола

Со инсталацијата на новиот ATM систем и новиот радарски систем во М-НАВ, Македонија го унапредува системот за контрола и безбедност на воздушниот сообраќај, информира вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар

ВЛЕН: На Ахмети му доаѓаат тешки денови, случајот „Груби“ отвора низа прашања

ВЛЕН отвора прашања околу политичките случувања во ДУИ и најавите на лидерот Али Ахмети за повлекување од активната политика, поврзувајќи ги со актуелните случувања околу Артан Груби. Во реакцијата се оценува дека

Видео: Јапонија погодена од рекордни врнежи. Илјадници заглавени на аеродром, четворица загинати во поплавите

Најмалку четири лица загинаа во поплавите, а многу домаќинства останаа без електрична енергија. Во делови од префектурата Чиба, која граничи со Токио, за 24 часа наврнаа повеќе од 360 милиметри дожд, поплавувајќи

Општина Битола: По пријавите од граѓаните, инспекторите со засилено присуство на терен

Поради зачестените пријави од граѓаните и зголемениот број евидентирани прекршоци во повеќе области, Општина Битола, како и минатата година, повторно воведува секојдневни дежурства на општинскиот инспекторат и надвор од утврденото работно време.
Go toTop