Турскиот национален борбен авион ќе се вика „КААН“

May 1, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Името на националниот борбен авион на Туркије, познат како TF-X е „КААН“, објави денес претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, известува Анадолу.

„Туркије е сега на секое поле, на копно, на море и под море, во воздух и во вселената“, рече Ердоган за време на настанот „Столетие на иднината“, кој го организираше Турската воздухопловна индустрија во главниот град Анкара, на кој се претставени авиони од домашно производство, меѓу кои и „КААН“.

Авионот од петтата генерација, „КААН“, е развиен од страна на Турската воздухопловна индустрија, со цел да ги замени застарените авиони Ф-16 на турската воена авијација.

Со ова летало Туркије станува една од петте земји што ја имаат оваа технологија, рече Ердоган.

„Денес дојдовме до резултати што се симболи на нашата иднина, на која укажа Мустафа Кемал Ататурк, велејќи: ‘Иднината е на небото.’ Затоа ние денес велиме ‘иднина’“, порача Ердоган.

Денешниот ден Ердоган го оцени како историски за Туркије.

„Уште еден историски ден за Туркије, нејзината одбранбена индустрија и воздухопловство“, истакна Ердоган во своето обраќање.

Тој го најави и првиот лет на турското борбено беспилотно летало „АНКА-3“ во наредните денови.

„Како Туркије ќе зајакнува, ќе видиме дека мирот, правдата и еднаквоста се вкоренуваат во нашиот регион и светот“, заклучи Ердоган.

Авионот за кој проектот започна во 2016 година е завршен во март годинава.

Авионот долг 21 метар може да постигне максимална брзина од 1,8 маха благодарение на своите два мотора, од кои секој може да постигне потисок од 13.00 килограми.

„КААН“ има неколку особини, како што се високо согледување на ситуацијата, оптимизирано работно оптоварување на пилотот, откривање на борбените оштетувања, системи на мисии од новата генерација, ниска забележителност, прецизност и внатрешен склад за оружје.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

(ФОТО+ВИДЕО) Масовни првомајски протести во Франција – во фокус пензиските реформи

Следно

Земјотрес со интензитет од 5,4 степени ја потресе Јапонија

Latest from Blog

Расел Кроу откри зошто никогаш нема да се ожени за 28 години помладата партнерка (ВИДЕО)

Во отворен разговор за емисијата 60 минути, актерот откри дека нема планови да се ожени со неговата партнерка– ниту сега, ниту во иднина. „Зошто да ја расипам среќата со брак?“ Кога водителот

Отишол во болница со страшни болки- докторите се шокирале кога виделе што има во телото

Необичната приказна се случила на 19 октомври, откако неименуван 48-годишен менаџер со големи болки бил итно однесен во медицинска установа. Тој призна сè Според извештаите на докторите, човекот признал дека самиот го

Вучиќ: БРКАМЕ ДВАЈЦА СНАЈПЕРИСТИ ЗА КОИ ЗНАЕМЕ ДЕКА СЕ ВО БЕЛГРАД, знаеме зошто и кој ги плаќа

Гостувајќи во емисијата „Чирилица“ на ТВ Прва, Александар Вучиќ објави дека од безбедносните служби дознал дека во Белград моментално има двајца снајперисти, на чие апсење службите моментално работат. „Во моментов бркаме двајца

Израел се движи кон смртна казна за тероризам

Комитетот за национална безбедност на израелскиот парламент во понеделник гласаше за закон со кој се воведува смртна казна за сторители на „терористички напади“, мерка предложена од крајно десничарската партија на министерот за
Go toTop