Земјотрес со интензитет од 5,4 степени ја потресе Јапонија

1 min read

ТОКИО (АА) – Земјотрес со интензитет од 5,4 степени според Рихтер го потресе подрачјето во близина на брегот на префектурата Окинава, во југозападниот дел на Јапонија, известува Анадолу.

Земјотресот со магнитуда од 5,4 степени го потресе источниот дел на островската префектура Окинава, објави јапонската метеоролошка агенција.

По земјотресот, кој се случи во 16:59 часот по локално време, на длабочина од 10 километри, во регионот не е дадено предупредување за цунами.

Земјотресот се почувствувал и во градовите Наго, Урума и Нанџо на Окинава, како и во соседната префектура Кагошима.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Турскиот национален борбен авион ќе се вика „КААН“

Следно

Битолската библиотека „Св. Климент Охридски“ на Саемот на книга во Лајпциг

Latest from Blog