Трамп: До ноември нема да заврши војната со Иран

September 10, 2026
1 min read

„Мислам дека војната ќе заврши веднаш по изборите бидејќи тие повеќе не можат да издржат“, рече Трамп за властите во Техеран, тој изјавата ја даде  додека се упатуваше кон Тексас за првата конвенција на партијата.анкетите покажуваат дека Трамп се соочува со опаѓање на рејтингот и притисок од неговата Републиканска партија да ја прекине војната со Иран. Вчера , цените на нафтата се искачија на 100 долари за прв пат од јули поради зголемените борби на Блискиот Исток. Изборите ќе се одржат на 3 ноември, а републиканците се во опасност да ја изгубат контролата врз конгресот. Борбите на Блискиот Исток се интензивираа во последните денови. Американската војска соопшти дека нападнала пет танкери за нафта поврзани со Иран. Техеран, како одговор, започна напади врз два разорувачи на американската морнарица и осум танкери за нафта во Ормутскиот Теснец, еден ден претходно, Хутите во Јемен започнаа бран напади во Саудиска Арабија, предизвикувајќи пожари во нафтени постројки.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бројни турски медиуми ја пренесоа веста за обновата и надградбата на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“

Следно

Утре започнува четвртото издание на „Taste the South“ на нова локација во Гевгелија

Latest from Blog

Крај на една ера: Аргентина ќе мора и без Скалони?!

ФОТО:facebook.com/AFASeleccionEN/ Аргентина навистина може да почне од нула, бидејќи откако Лионел Меси се повлече од репрезентацијата, преговорите со селекторот Лионел Скалони се искомплицираа. Неговата иднина беше неизвесна дури и пред неколку месеци,

Утре започнува четвртото издание на „Taste the South“ на нова локација во Гевгелија

Утре, 11 септември, во Гевгелија започнува четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“. Во текот на три фестивалски дена, посетителите ќе имаат можност да уживаат во традиционални вкусови, локални гастрономски производи,

Бројни турски медиуми ја пренесоа веста за обновата и надградбата на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“

Инвестицијата на ТАВ од 2,7 милиони евра привлече внимание кај турските медиуми, кои известуваат за модернизацијата на терминалот, зголемениот капацитет и растот на патничкиот сообраќај. Реконструкцијата и надградбата на аеродромот „Свети Апостол

Феран со хет-трик а ПСЖ со “шестка“ против Слован, Ливерпул и Арсенал победнички, Галата со пораз во Лисабон

ФОТО:facebook.com/PSG Уф, каков настап на Феран Торес во дресот на ПСЖ во првиот меч во ЛШ сезонава. Победа на европскиот првак со 6:1 против Слован, ама ѕвездата на вечерта е Феран Торес
Go toTop