Путин со декрет легализираше депортација на жителите на анектираните територии кои одбиваат да земат руско државјанство

April 28, 2023
1 min read

Во уредбата се наведува дека оние граѓани кои „изразуваат желба да го задржат постојното државјанство или да останат без државјанство“, а не стекнале руско државјанство – ќе се сметаат за странци од 1 јули 2024 година. Жителите на анектираните територии на кои им е даден статус на странец или лице без државјанство и кои ја загрозуваат „руската националната безбедност“, може да бидат предмет на депортација од Русија

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој се дозволува депортација на жителите на анектираните украински територии кои ќе одбијат да земат руско државјанство.

Во уредбата, која ја цитира сервисот на Радио Слободна Европа на англиски јазик, се вели дека Украинците кои живеат на четирите украински територии припоени од Русија (Донецк, Луганск, Херсон и Запорожје) мора или да станат руски државјани или официјално да одбијат да го сторат тоа.

Оние граѓани кои „изразуваат желба да го задржат постојното државјанство или да останат без државјанство“, а не стекнале руско државјанство – ќе се сметаат за странци од 1 јули 2024 година.

Жителите на анектираните територии на кои им е даден статус на странец или лице без државјанство и кои ја загрозуваат „руската националната безбедност“, може да бидат предмет на депортација од Русија.

„Оние кои претставуваат закана за националната безбедност, се залагаат за насилна промена на основите на уставниот поредок, финансираат тероризам и екстремистички активности или учествуваат во неовластени дејствија, може да бидат депортирани“,

се вели во декретот цитиран од РСЕ.

Во декретот се наведува дека како странци ќе се сметаат и луѓето кои живеат на окупираните територии на Украина на денот кога биле анектирани и граѓаните кои претходно живееле на тие територии и се преселиле во Русија, но изразиле желба да го задржат своето украинско државјанство.

Минатата година официјална Москва одржа референдуми во четирите украински региони Луганск, Донецк, Херсон и Запорожје, чии резултати беа отфрлени од меѓународната заедница. Сепак, по референдумите Путин потпиша документи со кои се официјализира анексијата на овие територии кои се под окупација на руските сили.

Четирите региони заедно со полуостровот Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година, сочинуваат околу 20 отсто од територијата на Украина и содржат некои од најиндустриските делови на земјата.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вечерва во 360°: Судска наредба за прислушување – затворените плика одат во историја, ги заменува дигитален систем

Следно

51. Мајски оперски вечери од 9-31 мај: Одбележување на 210 години од раѓањето на великанот на оперската уметност, Џузепе Верди

Latest from Blog

КОРУПЦИЈА ВО ВРВОТ НА УКРАИНА – ЗА КОГО Е ЛУКСУЗНАТА КУЌА СО ШИФРА R1?!

Таен луксузен станбен комплекс, наводно изграден за најблискиот круг на Володимир Зеленски, би можел да стане корупциски скандал што го дефинира неговото претседателствување. Обвинителството тврди дека во рок од четири години, речиси

ВМРО-ДПМНЕ избра нов портпарол и нови претседатели на општински комитети

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница донесе повеќе кадровски решенија за претседатели на општинските комитети на партијата, а за нов портпарол е избран Валентин Манасиевски. Од партијата велат дека дел од

Хаверц го однесе Арсенал на чекор до титулата!

Фудбалерите на Арсенал направија голем чекор кон освојување на титулата во Премиер лигата, бидејќи славеа во натпреварот од претпоследното коло на домашен терен против Барнли со 1:0 и со тоа дојдоа до

Пронајдени се телата на италијанските нуркачи на Малдивите

Телото на петтиот член на групата е пронајдено порано, по несреќата што се случи во четвртокот. Италијанските државјани биле пронајдени во пештера длабока 60 метри на атолот Ваву, благодарение на заедничката акција

Опозицијата праша кој му ги плаќа патувањата на Фетаи, кој денес не се појави на пратенички прашања

Ве молам, потпретседателе, стопирајте ми го времето. Ве молам да го почекаме да влезе во собраниската сала заменикот-претседател на Владата за добро владеење, Арбен Фетаи. Уредно најавив прашање и ми беше одговорено
Go toTop