Опозицијата праша кој му ги плаќа патувањата на Фетаи, кој денес не се појави на пратенички прашања

May 18, 2026
1 min read

Ве молам, потпретседателе, стопирајте ми го времето. Ве молам да го почекаме да влезе во собраниската сала заменикот-претседател на Владата за добро владеење, Арбен Фетаи. Уредно најавив прашање и ми беше одговорено дека тој ќе дојде за да ми одговори, рече на денешната седница за пратенички прашања пратеничката од СДСМ, Даниела Николова, обраќајки му се на потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски.

Притоа, Милошоски одговори дека вицепремиерот за добро владеење Фетаи бил уредно известен и поканет да присуствува за да одговори на нејзиното прашање, но дека тој сепак не дошол.

Николова сепак го искористи правото да го постави прашањето до Фетаи.

-Сакам да прашам колку точно време Арбен Фетаи не оди на работа? Дали тој за тоа време зема плата и кој му ги плаќа патувањата, меѓу кои има и дестинации во егзотични земји, од кои тој самиот споделува слики на социјалните мрежи? Кои се придобивките за Владата и за граѓаните од тие негови патувања и од неодењето на работа? Кои се придобивките од неговото патување во Тајланд, од кое самиот објави слики? – рече Николова.

Во однос на тоа, Милошоски рече: „Пратеничке Николова, со оглед на тоа што вицепремиерот не е присутен, службите писмено ќе ви одговорат на вашите прашања“.

Неодамна, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека вицепремиерот Фетаи најавил повлекување од Владата.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дурмиши: Али Ахмети се крие зад студентските протести

Следно

Пронајдени се телата на италијанските нуркачи на Малдивите

Latest from Blog

“Muchachos“: Аргентина ја брани титулата од Катар 2022! Епско финале и радоста на Меси, тагата на Мбапе!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN/ Аргентина на ова СП влегува како актуелен светски првак, но и како еден од фаворитите за трофејот. Јасно е дека ова за Лео Меси, веројатно најдобриот фудбалер на сите времиња ќе

ЈКП Комуналец Прилеп: Обновено осветлувањето на стадионот со вештачка трева во Типската населба

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп ги информира спортистите и граѓаните кои практикуваат рекреативен спорт дека се заменети и повторно се ставени во функција сите рефлектори на стадионот со вештачка трева во Типската населба.

(ВИДЕО) ЈКП „Комуналец“ – Прилеп ги обнови рефлекторите на стадионот со вештачка трева, овозможени и вечерни тренинзи

Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Прилеп информираше дека успешно е завршена замената на сите рефлектори на стадионот со вештачка трева во населбата Типска, со што спортскиот објект повторно е целосно осветлен и

Инфантино околу спорниот судија од Сомалија: Ние не сме семоќни

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино конечно го прекина молкот и го даде своето мислење околу интернационалниот судија од Сомалија, Омар Абдулкадир Артан кој што е делегиран да дели правда на претстојниот Мундијал
Go toTop