„За сите времиња“ нова книга од Братислав Ташковски

April 28, 2023
1 min read

Деновиве од печат излезе стихозбирката „За сите времиња“ од Братислав Ташковски. Издавач е ПНВ Публикации од каде што потенцираат дека се работи за врвно поетско дело на еден од бардовите на македонската поезија.

Книжевната критичарка Александра Јуруковска за книгата вели: Пред нас е новата поетска објава на Братислав Ташковски со сигнификантен наслов „За сите времиња“. Што е тоа што е за сите времиња во оваа книга? Песните во неа, сите песни, самата книга, желбата таа да остане ‘за вечни времиња’? Одговорот на сите овие прашања е ДА, но и многу повеќе.

Поетот и есеист Славе Ѓорѓо Димоски во освртот кон книгата ќе подвлече: Радува впечатокот што во оваа најнова поетска книга се потврдуваат високите поетски достојности на овој исклучителен поет и се истакнуваат во повеќеслојниот, алузивен наслов во кој се доближени до темелни симболи, раскошна секојдневна, комуникативна природа, проткаена со интелектуална, филозофска, историска и креативна длабочина.

Братислав Ташковски (1960) пишува поезија, романи, драми и есеи. Со посебни книги преведуван е на англиски, албански, бугарски и српски јазик, а со делови од творештвото на руски, шпански, француски, турски, шведски, романски, црногорски и русински јазик. Застапен е во многу антологиски избори на македонската поезија во земјава и странство. Бил претседател на Управниот одбор на поетската манифестација Струшки вечери на поезијата и покренувач и главен уредник на списанието за книжевност и култура АКТ. Живее и твори во Скопје.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ЗАТВОРА СО ПРЕТСТАВАТА НА ФИЛИП ПЕТКОВСКИ, „ОДЕЊА И СЛИЧНИ КОРЕОГРАФСКИ РЕШЕНИЈА“

Следно

Холивуд ја губи битката за Кина

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: ЦЕФ останува важна платформа за регионална размена на искуства

Министерството за финансии денеска во Скопје е домаќин на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), настан кој традиционално ги обединува претставниците на институциите и носителите на

Тоневски: Инвестиција од 10 милиони денари за реконструкција на дел од „Јаким Стојковски“

Во полн ек се градежните работи за реконструкција на дел од улицата „Јаким Стојковски“ во Пробиштип, информира градоначалникот Тони Тоневски. Проектот опфаќа изградба на нови тротоари и рабници, како и поставување на

Денеска на Мундијалот: Светот очекува нов спектакл на Меси, Мбапе, Олисе, Халанд…

ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN/ Пред нас е нов фудбалски ден на Мундијалот и секако дека кога на сцена се Меси, Мбапе, Олисе, Халанд и другите, јасно е дека очекуваме нов спектакл, нови спектакуларни натпревари. И

ЛЕТЕН ПЕКОЛ ВО ФРАНЦИЈА: Се затвораат стотици училишта, температурите до 42 степени однесоа 16 жртви!

Францускиот министер за национално образование, Едуар Жефре, соопшти дека денеска 845 училишта и факултети во таа земја ќе бидат затворени поради жештините, а дополнителни 1.800 ќе ги прилагодат своите распореди за да
Go toTop