Холивуд ја губи битката за Кина

April 28, 2023
1 min read

Тргнувајќи од тоа дека „меката моќ“ е тешко да се измери, Економист се фаќа со нешто што е далеку полесно и веќе достапно – трендови и филмски рецензии на глобални филмови на кинескиот пазар. А овие трендови не се во корист на Холивуд.

Економист се служи со бројките од социјалната мрежа Доубан, која главно служи како платформа чии корисници можат да оставаат рецензии и оценки на филмовите.

Иако Кина има правило според кое во кино-салите во земјата годишно може да се емитуваат само 34 странски филмови, на мрежата се рецензирани илјадници странски филмови, до кои главно се стига преку пиратерија.

Економист стига до бројките за 26.000 филмови на Доубан, снимени меѓу 2010 и 2022. Од нив, речиси 10.000 се „англо“ (од англиско говорно подрачје), 4.500 се продуцирани во Кина, а остатокот се главно европски, јапонски и корејски. Во овој период на англо филмовите отпаѓаат 43% од сите прегледи на сајтот, а на второ место се кинеските со 36%.

Она што е значително сменето е што на почетокот од овој период, околу 2010, на англо филмовите отпаѓаат 53% од прегледите, за на крајот, околу 2022, тоа да падне на само 28%. Во истиот период кинескиот удел расте од 21 на 55%.

Ваквиот тренд според Економист не може да се објасни ни со поголема кинеска продукција на филмови, бидејќи нивниот удел во вкупниот број на филмови е пораснат само 5% од 13 на 18, ниту со тоа дека Кина почнала да прави подобри филмови, бидејќи кинеските филмови во 2022 се полошо оценети од кинеската публика отколку пред една деценија.

Од англо филмовите кинезите посебно имаат мерак на авантури, додека од домашните филмови омилени им се комедиите. Посебно добро кај кинеската публика минуваат и домашните драми, а посебен ќеиф за кинеското раководство е што публиката има мерак и на пропаганди филмови како „Волк воин 2“ во кој поранешен кинески специјалец оди во Африка за да се бори против безмилосен американски платеник.

„За западните гледачи, такви провладини приказни може да изгледаат незрело (иако продуцентите на новиот Топ ган признаа дека тој е снимен со благослов на американската армија). Меѓутоа нивната популарност покажува дека пропагандата на Комунистичката партија има влијание. Плус, нивната домашна кинематографија го оформува начинот на кој цела генерација Кинези ќе ја гледаат својата држава и нејзиното место во светот,“ објаснуваат од Економист.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

„За сите времиња“ нова книга од Братислав Ташковски

Следно

МНР: Познат е идентитетот на убиениот македонски државјанин во Бугарија, Амбасадата е во комуникација со надлежните органи

Latest from Blog

Алиу – Срцева: На Клиниката за ТОАРИЛУЦ се реализирани или во фаза на реализација над 23 проекти и иницијативи за една година

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Клиниката за ТОАРИЛУЦ, во рамки на која е во напредна фаза темелна реконструкција на КАРИЛ. -Оваа реконструкција е согласно најсовремените европски и светски стандарди,

Сиљановска Давкова разочарана од Брисел

Европскиот парламент се подготвува идната недела да изгласа амандман со кој од годишниот извештај за напредокот на Северна Македонија се бришат сите директни споменици на „македонски јазик“ и „македонски идентитет“. Договорот –

Во Словенија на 8-ми јули падна снег!

По минувањето на студениот фронт, температурите во Словенија паднаа доволно ниско за највисоките врвови во земјата да добијат јулски снежен покривач. Снежната граница се спушти на околу 2.200 метри надморска височина, соопшти

Пресврт: Мбапе се откажал од тужба!

Oд заминувањето од Пари Сен Жермен актуелна беше „војната“ помеѓу Килијан Мбапе и францускиот гигант. Прво започна со барањето на Мбапе да му се исплати сумата за лојалјност која ПСЖ сметаше дека

Палестинско момче ја загуби ногата во израелски напад додека се обидувало да донесе помош за своето семејство

СКОПЈЕ (АА) – Десетгодишниот Мухамед Омар Селим Муслих ја загуби својата нога како последица на израелски напад, кога со татко му се обидувале да стигнат до хуманитарната помош, јавува Анадолу. Тој бил
Go toTop